cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да препознаете дисхармоничен развој кај децата

Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психомоториката на детето. Едно од прашањата е: Дали моето дете ќе научи правилно да зборува како и сите негови другарчиња?

Како да препознаете дисхармоничен развој кај децата

Кога родителите го очекуваат доаѓањето на детето на овој свет се испреплетени со многу емоции. Неизвесност, исчекување, болка но пред се многу мајчинска и родителска љубов. Многу грижа и негување на детето. Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психомоториката на детето. Едно од прашањата е:

-Дали моето дете ќе научи правилно да зборува како и сите негови другарчиња?

Ова прашање ќе си го поставуваат родителите пред себе кога ќе забележат дека говорот доцни и нивното дете не зборува и не внимава во непосредната околина како неговите врсници. Во периодот од 3 до 6 години детскиот речник расте со голема брзина. На 3 и 4 годишна возраст вокабуларот на детето од 500 зборови троструко се зголемува. На 4 и 5 годишна возраст децата имаат и до 2000 збора во вокабуларот, а до 6 годишна возраст детето може да располага и со 6000 зборчиња во својот речник. Но некои деца напредуваат и можат да се пронајдат меѓу овие стандарди, но некои и многу често не. Трепетот на мајчината душа е голем како и неспокојот кога го гледа своето дете дека доцни со говорот и тука започнува еден трнлив и мачен пат и вклучување на многу институции и стручни лица.

 

Подолу е една реална слика за растењето и развојот на децата во рана претшколска возраст со која се соочуваат многу родители и се во голема неизвесност барајќи одговори на многу прашања и очекувања.

 

Дисхармоничен развој кај децата во претшколска возраст – карактеристики и особености

Во раниот детски период е многу тешко да се диференцирааат симтомите или знаците кои би можеле да укажуваат на почеток  на некое психичко растројство. Искуството но и медицинската мудрост налагаат кога немаме доволно докази за јасна и прецизна дијагноза, па заради тоа ја користиме дијагнозата: Дисхармоничен развој кај детето. Дисхармоничен развој кај детето означува нескладен развој  на поедини делови од психомоторниот развој: моторика, говор, емоции, интелектуално заостанување, заостанување во социјалните вештини и компетенции. Дисхармоничниот развој не е дијагноза според Меѓународната класификација на ментални пореметувања. Родителите многу често воочуваат неправилност во развојот на своето дете и започнуваат да го споредуваат со другите деца или врз основа  на општите знаења кои ги имаат од интернетот. Приметуваат дека детето не седи како што треба, како што седат другите деца, или доцни со лазењето и проодувањето. Да не зборуваме каква може да биде паниката кога има доцнење на говорот, а знаеме дека говорот е една од најсложените психомоторни функции кај човекот. Денес многу родители благодарение на едукацијата и интернетот многу правилно ги воочуваат промените  во психомоторниот развој кај своето дете и информaциите кои ги даваат на психијатрите и психолозите и логопедите се од голема вредност. Родителот е 24 часа  со своето дете, а психологот 45 мин. Многу значајни информации се како е помината бременоста со детето, породувањето и дали во семејството има наследни заболувања. Кога стручните лица ќе воочат направилности следува посматрање и набљудување на однесувањето  на детето од сите релевантни стручни лица: педијатар, неуролог, психолог, логопед и специјален рехабилитатор. Доколку постојат одредени неправилности во однесувањето на детето, вниманието, интелектуалниот и говорниот развој како и социјалната интеракција со непосредната средина на детето велиме дека детето има Дисхармоничен развој. Како мастер логопед и специјален едукатор олигофренопедагог  и врз основа на долгогодишното искуство пред поставување на дијагноза треба детето да биде тестирано со логопедски тестови и тестови од општата дефектолошка дијагностика. Само така ќе можеме да кажеме дека детето има дисхармоничен развој. Врз основа на добиените резултати ќе можеме да кажеме дека детето има Дисхармоничен развој. Се додека не бидеме сигурни во реалната дијагноза и ја исклучиме социјалната депривација кај детето, односно недоволна грижа за детето и лишување од нега и емоционална грижа за детето.

Кога ќе се постави  дијагноза.....Дисхармоничен развој.... значи постои неурамнотежен, невоедначен развој на поедини области кои ја сочинуваат детската личност. Кога родителите ќе се соочат со оваа дијагноза многу често помислуваат на аутизмот. Аутизмот припаѓа на посебна дијагностичка категорија. Према меѓународната класификација на ментални нарушувања е первазивно пореметување. Што значи целосно или потполно пореметување на сите полиња од психомоторниот развој на детето.Се работи за еден општ несклад во развојот, кој ги опфаќа сите области од личноста на детето .Ова е важен показател во поставување на дијагнозата и од разликувањето од дисхармоничниот развој. Значи задоцнување во поедини, не во сите области од личноста на детето и така можеме да кажеме и да зборуваме за еден дисхармоничен развој во раниот детски развој 3,4 годишна возраст. Од искуство, вежбајте ги  и применувајте ги вежбите за психомоторен развој од Татјана Говедарица.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет