Како да исчистите дамки од маркер и фломастер?
Од лицата на непослушните деца!

Децата можат да бидат вистински тајфуни, кога си играат. Само да се свртите за миг и целите ќе се извалкаат со нешто, ќе расфрлаат незамисливо многу, ќе скршат разни работи и што ли уште не!
Ако вашите деца сакаат да цртаат со фломастер или маркер не само на хартија, но и на нивните лица, веројатно знаете колку тешко се чисти тоа. Понекогаш дури е невозможно и децата одат така со денови.
Еве неколку начини да ја исчистите ужасната боја од лицата на малите разбојници.
Натопете памук со бебе масло или бебешки лосион и втријте го во кожата на местото. Користете чепкалка за заби, за да се исчисти бојата и од под ноктите.
Ставете мала количина вазелин врз флеката, потоа измијте со топла вода и сапун. Дамките излегуваат многу полесно.
Друг метод е употреба на крем за бричење. Само дајте му на дететоод кремот за бричење на тато - нека си поигра пред огледало. Откако убаво ќе се намачка и размачка, исплакнете. Дамките сами ќе паднат.