Како да го препознаеш твојот тип на кожа? Зошто тоа е клуч за здрава и сјајна кожа?
Сјајната и негувана кожа не е само резултат на скапи производи, туку на правилен избор на козметички препарати и нега според твојот тип на кожа.

Ако користите козметика која не одговара на вашите потреби, ризикувате иритации, акни или прекумерна сувост. Но како да откриете кој е вашиот тип на кожа и зошто е тоа толку важно?
Зошто е важно да го знаете вашиот тип на кожа?
Секој тип на кожа има различни потреби:
- Масната кожа бара контрола на себум и нежна ексфолијација.
- Сувата кожа бара интензивна хидратација и бариерна заштита.
- Мешаната кожа бара балансиран пристап.
- Нормалната кожа бара одржување на природниот баланс.
- Осетливата кожа бара минимализам и нежни формули.
Користење погрешни производи може да го влоши проблемот. На пример, премногу агресивни формули на масна кожа можат да предизвикаат уште повеќе себум.
Како да го откриете вашиот тип на кожа?
1. Метод на чисто лице.
Измијте го лицето со нежен чистач и оставете го без креми или серуми 1 час. Ако почувствувате затегнатост станува збор за сува кожа. Ако лицето сјае имате масна кожа. Ако само Т-зоната (чело, нос, брада) е мрсна имате мешана кожа а ако е без промени станува збор за нормална кожа.
2. Тест со марамче
Лесно притиснете хартиено марамче на лицето 30 минути по миење. Ако по целата површина на марамчето останат масни дамки имате масна кожа. Ако дамките се само во централниот дел имате мешана кожа.Ако марамчето е без дамки имате сува или нормална кожа.
Како да се грижите според типот на кожа?
- Масна кожа се одржува со гелови за чистење, мат креми, ниацинамид.
- Сувата кожа бара кремасти чистачи, богати креми со хијалурон и церамиди.
- Мешана кожа се третира со лесни лосиони и балансирани серуми.
- Осетлива кожа зе одржува со обични минимални препарати, без алкохол и мириси.
Препознавањето на вашиот тип на кожа е првиот чекор кон здрава, негувана и сјајна кожа. Кога ќе знатеш што ? треба на вашата кожа, секој производ ќе работи во ваша корист.