Како да ги дисциплинирате децата

clock-img

17.2.2011

Да ги научите децата како да се однесуваат не е така лесно.Клучот на се е да се дисциплинира детето и да ги научи вистинските норми без да биде казнувано.

Чекор 1 : Објаснете ги последиците

Објаснете ги последиците доколку се прекршат правилата и нормите, спроведете ги  доколку преовладува лошо однесување кај детето. Сакате Вашето дете да го поврзе своето неправилно однесување со последиците?  Бидете истрајни доколку  го казните Вашето дете,  немојте повторно му дозволите да го прави истото бидејќи ќе ги тестира своите граници.

Чекор 2 : Обидете се да не го удрите

Одолејте му на поривот да го удрите детето: научните истражувања покажаа дека децата кои се тепани  имаат повеќе шанси понатаму да бидат навредливи кон самите себе, како и да учествуваат во физичко и сексуално насилсто како тинејџери или адолесценти.

Чекор 3 : Зборувајте тивко

Нека вашиот глас биде смирен и тивок кога им објаснувате на Вашите деца зошто се казнети. Зачувајте го викањето за сериозни ситуации, пример ако сакаат да направат нешто опасно.

Чекор 4 : Водете се од примерот

Водете се од примерот. Не казнувајте го детето за нешто што самите го правите или го прави вашиот партнер.

Чекор 5 : Бидете обединети во одлуките

Секогаш подржувајте ја дисциплинската одлуката на вашиот партнер и обратно.Многу е лесно да се доведат децата во ред доколку и двајцата родители делуваат обединето

Чекор 6 : Зајакнување на доброто однесување

Зајакнете го доброто однесување. Експертите укажуваат дека е многу поефективно да се награди детето за доброто однесување, отколку да се поткупи.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет