Како да фатите малку сон со новороденче?
Дојде најубавата, но и најпредизвикувачка фаза за вас, да бидете дома со новороденчето. Срцето ви е полно, но часовите на сон едноставно исчезнаа.

Недостигот на сон е еден од најчестите предизвици за новите родители, особено за мајките. Но, има начини да „украдете“ барем неколку драгоцени минути одмор.
Зошто спиењето е толку важно?
Сонот не е луксуз, туку неопходност. Недоволниот одмор може да влијае на: вашето расположение и енергија, квалитетот на млекото, менталното здравје односно се појавува поголем ризик од анксиозност или постпородилна депресија.
Практични совети за повеќе одмор со новороденче
1. Спијте кога спие бебето
Звучи клише, но е вистина. Наместо да ги користите тие 30 минути за чистење, одморете се. Домот може да почека, вашиот сон не.
2. Направете мини рутина за смирување
Новороденчињата сакаат предвидливост. Создадете вечерна рутина со капење, масажа и пригушени светла. Ова ќе му помогне полесно да заспие, а и вие ќе имате шанса за подолг одмор.
3. Споделете ја грижата
Ако имате партнер, договорете се за сменски дежурства ноќе. Ако е можно, вклучете и семејство за помош во текот на денот, макар и на еден час.
4. Направете го спиењето приоритет
Скратете ги непотребните обврски. Кажете „не“ на посети кои ви го одземаат времето за одмор.
5. Користете техники за микро-одмор
Дури и 10-15 минути затворени очи или вежби за дишење можат да го освежат мозокот. Исклучете го телефонот и опуштете се.
Што да избегнувате?
Немојте да пиете премногу кофеин. Тоа ќе ја наруши можноста за кратки дремки.Не инсистирајте на совршено чист дом во првите недели.
Фатете сон каде и кога можете. Бидете нежни со себе и запомнете, оваа фаза е кратка, а вашиот одмор е инвестиција и во вашето здравје и во грижата за бебето.