cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Каде се се крие кофеинот освен во кафето?

Кога ќе помислиме на кофеин, првата асоцијација обично е кафето. Но, кофеин има и во голем број други намирници и пијалаци, понекогаш и таму каде што не го очекуваме.

Каде се се крие кофеинот освен во кафето?

Чај

Црниот, зелениот, белиот и мате чај можат да содржат кофеин. Количината зависи од видот на чајот, количината и времето на киснење.

Важно е да знаете дека не секој билен чај содржи кофеин, но некои мешавини можат да содржат состојки што се природен извор на кофеин.

 

Енергетски и некои безалкохолни пијалаци

Енергетските пијалаци често содржат значителни количества кофеин. Кофеин може да има и во одредени кола и други безалкохолни пијалаци.

Затоа, ако сакате да го ограничите внесот, проверувајте ја декларацијата.

 

Чоколадо и какао

Какаото природно содржи кофеин, па затоа и: темното чоколадо, млечното чоколадо и какаото можат да придонесат кон дневниот внес.

Темното чоколадо обично содржи повеќе какао, па може да има и повеќе кофеин од млечното.

 

Некои лекови

Кофеинот може да се додава во одредени лекови, особено некои препарати против главоболка и мигрена.

Ако земате лекови, проверете ја декларацијата или прашајте фармацевт.

 

Спортски и енергетски производи

Некои суплементи за спортски перформанси, предтренинг производи и препарати за зголемување на енергијата може да содржат кофеин.

Ова е особено важно ако користите повеќе производи во текот на денот, бидејќи кофеинот од сите извори се собира.

 

Состојки со кофеин 

Некои производи содржат состојки како: гуарана, кола орев или мате кои пак во себе имаат кофеин, па дури и ако на предната страна не пишува „кофеин“, овие состојки можат да придонесат кон неговиот внес.

 

А што ако сте бремени?

Во бременоста се препорачува ограничување на кофеинот на најмногу 200 mg дневно. Во таа количина треба да се пресмета кофеин од сите извори, не само од кафето.

Затоа, ако пиете кафе, а во текот на денот јадете чоколадо или пиете чај и кола, и тие треба да се земат предвид.

 

Кога купувате пијалак, чоколадо, суплемент или лек, погледнете ја декларацијата. Ако производот содржи кофеин или состојки богати со кофеин, внесете го во вкупната дневна количина.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет