Јога и медитација - подготовка за бременост

Планирањето на бременост покрај другото, започнува и со подготовката на телото и умот за нов живот. Во таа подготовка, јогата и медитацијата играат исклучително важна улога.

Јога и медитација - подготовка за бременост

Тие не се само форми на физичка активност, туку пат кон внатрешен мир, стабилност и доверба во сопственото тело, нешта кои се од суштинско значење за секоја жена која планира да стане мајка.

 

1. Јогата како сојузник на женското тело

Женското тело е динамично, чувствително и постојано се менува. Јогата помага да се воспостави внатрешна рамнотежа помеѓу хормоните, дишењето и движењето.
Редовното практикување на јогата:

  • ја подобрува циркулацијата во репродуктивните органи,
  • го регулира менструалниот циклус,
  • го намалува стресот и напнатоста,
  • ја зголемува флексибилноста на карлицата и грбот,
  • и го подготвува телото за зачнување и носење бременост.

 

2. Јога пози (асани) кои ја поддржуваат плодноста

Неколку едноставни, но ефективни асани можат да помогнат при подготовка за бременост:

  • Бадха конасана (Butterfly pose) ја зголемува циркулацијата во пределот на карлицата
  • Сетубандхасана (Bridge pose) го зајакнува долниот дел од телото и ја стимулира тироидната жлезда
  • Баласана (Child’s pose) ја смирува нервната напнатост
  • Марџариасана (Cat-Cow) ја подобрува подвижноста на ‘рбетот и протокот на енергија во телото

Овие пози се безбедни за повеќето жени, но секогаш е добро да се вежба со водство на сертифициран инструктор.

 

3. Медитацијата е тивка подготовка на умот

Додека јогата го подготвува телото, медитацијата го смирува умот.
Жените кои планираат бременост често се соочуваат со анксиозност, исчекување и притисок. Овие состојби можат да влијаат на хормоналниот баланс.
Дури и 5 до 10 минути дневна медитација можат да донесат: помирен ум и подобар сон, понизок стрес-хормон (кортизол) и зголемена свесност за телесните сигнали.

Медитацијата учи да се слуша телото, а тоа е најважната вештина во бременоста.

 

4. Важноста на дишењето

Во јогата, дишењето е сржта на целата практика.
Длабокото, свесно дишење: го снабдува телото со кислород, го смирува срцето и помага при регулирање на ендокриниот систем.

Проста техника како наизменичното дишење (анулом-вилом) може да се практикува секое утро. Само неколку минути се доволни за да го почувствувате ефектот на мир и енергија.

 

5. Психолошка подготвеност за нов живот

Јогата и медитацијата ја зајакнуваат внатрешната доверба, вербата во сопственото тело, интуицијата и природниот процес на зачнување.
Кога жената се чувствува спокојно и свесно за процесот на бременост, нејзиното тело реагира со истата хармонија.
Тоа е најприродната подготовка за мајчинството преку љубов, свесност и мир.

 

Јогата и медитацијата не се само физички вежби, туку животна филозофија која го подготвува телото, умот и духот за ново поглавје.
Со секој здив, секое движење и секое смирување, жената ја буди внатрешната сила што ќе ја води низ бременоста.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет