Исхрана на дете со аутизам
Познато е дека децата со аутизам се доста пребирливи кога е храната во прашање, но ниту телото не може да се бори против болести или пак мозокот да ги искористи сите потенцијали без соодветна храна и исхрана.

Ако на детето не му се допаѓа фактот дека мора да јаде храна богата со витамини и минерали, додатокот може да е одговор. Ќе ги наведеме најчестите витамини и суплементи кои се корисни во лекувањето на аутизмот.
Витамин Б1 (thiamine): Телото со дефицит на тиамин не може да донесе соодветно гориво до мозокот за да тој функционира. Поради тоа, можно е воспаление и оштетување на мозокот. Гастроинтестинални нарушувања, кои доаѓаат рака под рака со аутизмот, можат да предизикат неможност телото да го апсорбира Витаминот Б1.
Витамин Б2 (Riboflavin): Пронајдено е дека лицата со аутизам имаат мутиран ензим (MTHFR). Витаминот Б2 е потребен за производство на здрав MTHFR.
Витамин Б3 (Niacin): Се дава за да се зголеми квалитетот на кожата и циркулацијата.
Витамин Б6 (Pyridoxine Hydrochloride): Кога се зема во комбинација со магнезиум, Б6 помага во подобрување а некои аутистични симптоми.
Витамин Б12 (cobalamin): Витаминот Б12 е од суштинско значење. Недостаток на Б12 може да предизвика голем број на состојби како делириум, анксиозност, задоцнето размислување и развојна регресија.
Фолна киселина: Фолна киселина е неопходна во одржување на здрави клетки, како и производтсво и одржување на ДНК.
Витамин А: Некои истражувања потврдиле дека Витаминот А може да помогне во меморија, визуелна перцепција и јазична способност.
Витамин Ц: Докажано е дека лицата со аутизам имаат недостаток на Витамин Ц