Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајка на 15

Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме нејзината приказна, која е и повеќе од инспиративна

Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајка на 15

Рингераја.мк

Здраво Елена. Одлучивте да ја споделите својата приказна со Рингераја.мк. Најпрво ќе ви го поставам прашањето кое е можеби најинтересен податок за вас. Рековте дека за прв пат станавте мајка на 15 години. Дали бременоста беше планирана, или едноставно се случи?


Елена Мазниковска
Беше непланирано и неочекувано,но сепак и јас и мојот сопруг пријатно се изненадивме бидејќи и двајцата го сакавме тоа,ни беше мило и бевме нетрпеливи да го запознаеме нашето бебенце.


Рингераја.мк
Како се снајдовте? Кој ви помагаше?


Елена Мазниковска
Искрено не очекував дека ќе се снајдам толку добро. Но мојот сопруг секогаш ми помагаше во се.


Рингераја.мк
Сега имате две деца, дали сте вработена, или сте дома со децата?


Елена Мазниковска
Јас не работам, ги чувам ќерките и воедно го завршувам средното образование.


Рингераја.мк
Дали бевте стигматизирани од околината заради тоа што станавте мајка многу млада?


Елена Мазниковска
Да бев. Но местото во кое живеам е мало и тоа е некако и очекувано. На почетокот тоа многу ми сметаше и влијаеше на мене, но сфатив дека ништо не е побитно од мојата среќа и мојот избор. Најбитна ми беше поддршката од моите родители и блиски која ја имав неизмерно.


Рингераја.мк
На својот инстаграм профил секојдневно споделувате фотографии од Лина и Калина и совети. Дали имате време за социјален живот и како го организирате своето време?


Елена Мазниковска
Да, имам време за социјален живот. За среќа моите ќерки се многу мирни, и ми оставаат простор за социјален живот. Времето го организирам така што најпрво му се посветувам на моите деца и на мојот сопруг, па потоа ги завршувам и другите обврски.
Што ве натера да го започнете вашиот Инстаграм блог?


Елена Мазниковска
Мојот Инстаграм профил претходно беше мој приватен профил,и онака јас правев фотографии од моите ќерки но гледајќи други мајки кои споделуваат совети и искуства решив да пишувам и текстови за фотографиите во кој ќе споделувам искуства од мојата улога како мајка.


Рингераја.мк
Колку време ви е потребно да направите една објава за вашиот профил,со оглед на тоа што имате обврски околу семејството?


Елена Мазниковска
Тоа најчесто зависи од моите ќерки, доколку се расположени за фотографирање тогаш брзо завршувам,а доколку не се тогаш оставам за наредниот ден, бидејќи не сакам да ги форсирам.

Рингераја.мк

Која ви е целта во врска со вашиот Инстаграм профил? Со што се водите?

 

Елена Мазниковска

Немам некоја цел, едноставно сакам да го споделам моето искуство со другите мајки надевајќи се дека некому ќе биде од корист.

 

Follow mother.of.two.daughters on Instagram

 

1

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет