Хидратација и важноста на водата во периодот на доење
Доењето е едно од најпрекрасните искуства во мајчинството, природен начин да се обезбеди храна, утеха и блискост за бебето. Но, за мајката, тоа е и физиолошки процес кој бара дополнителна енергија и течности.

Токму затоа, хидратацијата игра клучна улога во периодот на доење, не само за количината и квалитетот на млекото, туку и за здравјето и благосостојбата на мајката.
Зошто е важна водата при доење?
- Мајчиното млеко е повеќе од 80% вода, па секое доење значи и губење на течности од организмот.
- Недостатокот на течности може да доведе до замор, главоболки, сувост во устата и дури намалена продукција на млеко.
- Добрата хидратација помага во одржување на правилната циркулација, варење и елиминација на токсини.
Колку вода е потребно?
Нема универзална количина, бидејќи потребата зависи од телесната тежина, активноста и климата. Но генерално, се препорачува 2-3 литри течности дневно за доилки, од кои најголемиот дел треба да биде чиста вода.
Мајката да пие вода секогаш чувствува жед и особено пред или по доење.
Што е најдобар избор за хидратација?
- Водата е секогаш на прво место.
- Благи чаеви (без кофеин, како камилица или анасон) и може да помогнат и во хидратацијата и во варењето.
- Супите и чорбите се хранливи и богати со течности.
- Газираните пијалаци, енергетски и засладени сокови содржат шеќери и адитиви кои не придонесуваат за здрава хидратација.
- Прекумерна количина кофеин може да предизвика раздразливост кај бебето.
Совети за полесна хидратација
- Држете шише со вода до вас за време на секое доење.
- Користете апликација или едноставно потсетник за внес на течности.
- Вклучете намирници богати со вода како краставици, лубеница, портокали.
- Слушајте го телото, жедта е најдобар индикатор дека е време за чаша вода.
Во периодот на доење, водата е исто толку важна како храната. Соодветната хидратација помага не само за доволно мајчино млеко, туку и за енергијата, расположението и општото здравје на мајката. Затоа, не заборавајте, секоја чаша вода е чекор кон подобра грижа и за себе и за вашето бебе.