Херпес симплекс. Што го активира и како да се контролира?

Херпес симплекс е еден од најчестите вируси во светот. Многу луѓе го имаат, но не кај сите се манифестира на ист начин. Кај некои се појавува еднаш во животот, кај други се враќа периодично.

Херпес симплекс

Клучот не е само во лекувањето, туку во знаењето што го активира вирусот.

 

Што е херпес симплекс?

Херпес симплекс вирусот (HSV) има два најчести типа:

  • HSV-1. Најчесто се појавува околу устата познат како „ладна рана“.
  • HSV-2. Најчесто ги зафаќа гениталиите.

Откако ќе влезе во телото, вирусот останува засекогаш, но може да биде неактивен долго време.

 

Што го активира херпесот?

Херпесот најчесто „се буди“ кога имунитетот е ослабен или телото е под стрес. Најчести тригери се:

-          Стрес. Психичкиот и физичкиот стрес се најчестите активатори. Телото тогаш нема доволно ресурси да го држи вирусот под контрола.

-          Недостаток на сон. Лошиот сон директно го ослабува имунолошкиот систем.

-          Болест или инфекција. Настинка, грип или друга инфекција често се момент кога херпесот се појавува.

-          Изложеност на сонце. Особено кај HSV-1, силното сонце без заштита може да предизвика појава на херпес на усните.

-          Хормонални промени. Менструација, бременост или хормонален дисбаланс може да бидат поттик.

 

Како да го држите под контрола?

Иако херпесот не може целосно да се излечи, може значително да се контролира преку:

-          Зајакнување на имунитетот преку: редовен сон, балансирана исхрана, доволно течности и физичка активност.

-          Навремена терапија. Антивирусните креми или таблети се најефикасни ако се применат веднаш при првите симптоми како: пецкање, жарење или чешање

-          Локална нега преку: збегнување на допирање на раната, одржување на кожата чиста и сува и користење креми со заштитен фактор за усни

-          Спречување на пренос. Херпесот е заразен кога е активен. Затоа: избегнувајте бакнување или интимен контакт, не делете пешкири, чаши или козметика и задолжително мијте раце.

 

Чести заблуди во врска со херпес симплекс:

-          Само луѓе со слаб имунитет имаат херпес.

-          Херпесот значи лоша хигиена.

-          Откако ќе помине, нема опасност

Вирусот може да биде активен и без видливи симптоми.

 

Кога да посетите лекар?

  • Ако херпесот се појавува многу често.
  • Ако трае подолго од вообичаено.
  • Ако се шири или е многу болен.
  • Ако сте бремени или имате хронично заболување.

 

Херпес симплекс не е срам, ниту нешто невообичаено. Тоа е вирус што бара свест, грижа и контрола. Кога ќе научите што го активира и како да реагирате навреме, можете да го држите под контрола и да живеете без страв.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет