Хепатит Б
Хепатитис Б е сериозна инфекција која се пренесува преку крв или телесни течности. Вакцинирање е задожително кај новороденчиња а им се препорачува на сите возрасни лица кои се изложени на опасност одболеста.
Хепатит Б е болест која ја предизвикува вирус и која сепренесува преку крв или сексуални односи со заразено лице, а може да предизвикаи сериозна болест (цироза) или рак на црниот дроб. Меѓутоа, може да се случичовек да се зарази, а да не знае за тоа. Кога здрав возрасен човек е заразен сохепатитис Б вирусот (ХБВ), неговото тело реагира на неколку различни начини.Околу 50% од сите ХБВ случаи немаат никакви симптоми.
Кај половиназаболени ќе се јават симптоми слични на симптомите на грипот: треска, замор,болка во мускулите и зглобовите, губиток на апетит, гадење и повраќање.Многумина од пациентите мислат дека имаат грип или не ги поврзуваат нивнитесимптоми со хепатитот Б.
Периодот наинкубација обично трае околу 90 дена. Но, и во тој период т.е. во периодот допојавата на првите симптоми на болеста, лицето е заразно, а тоа значи дека можеда го пренесе вирусот на друго лице, иако не е свесно дека го носи вирусот восебе.
Се пренесувапреку заедничка употреба на инекции; тетовирање или дупчење на делови од телотосо нестерилна опрема; повреда предивзвикана со инекција; од мајка на дете; оддете на дете, обично преку отворени рани; преку незаштитен сексуален контакт иконтакт со телесните течности како што е крв, плунка и мочка.
Во РепубликаМакедонија имунизацијата (вакцинација и ревакцинација) против ова заболување езадолжителна и континуирана во тек на целата календарска година согласнопостоечкиот годишен Календар за задолжителна имунизација.





