Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?

Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е блага и минлива, а понекогаш толку непријатна што го отежнува голтањето и зборувањето.

Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?

Но дали зад тоа стои вирус или бактерија? Разликата е важна, бидејќи од неа зависи и третманот.

 

Вирусна инфекција е најчестата причина

Во повеќето случаи (над 70%), болното грло е предизвикано од вируси, како што се оние кои предизвикуваат настинка или грип.
Симптоми на вирусна инфекција: постепен почеток на болката, течење или запушен нос, кивање, кашлање, благо покачена температура или воопшто без температура, засипнатост.

Вирусната инфекција обично поминува сама за 5-7 дена, со одмор, течности и симптоматска терапија (чаеви, мед, аналгетици).

 

Бактериска инфекција. Кога е посериозно?

Најчестиот виновник е стрептококот (стрептококна ангина). Таа е помалку честа, но бара антибиотски третман.
Симптоми на бактериска инфекција: нагла и интензивна болка во грлото, висока температура, често над 38,5°C, отечени крајници со бели наслаги, болни лимфни јазли на вратот, отсуство на кашлање и кивање.

 

Како да ја знаете разликата?

Иако симптомите можат да дадат насока, само лекар може со сигурност да утврди за што станува збор преку преглед, а понекогаш и брис на грло.

 

Кога да побарате лекар?

  • ако болката е многу силна и трае повеќе од неколку дена,
  • ако имате висока температура што не се намалува,
  • ако имате отежнато голтање или дишење,
  • ако симптомите брзо се влошуваат.

 

Не секое болно грло бара антибиотик. Најчесто е последица на вирус, но ако симптомите се силни и специфични, можно е да станува збор за бактериска инфекција. Правилната дијагноза и совет од лекар се најсигурниот начин да се избере вистинскиот третман.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет