Грижливиот татко

Поучна приказна за татковците!

Грижливиот татко

 

 

Таткото беше грижлив човек коj разнесувајќи леб низ градот, го прехрануваше своето семејство. Секоја вечер, по завршувањето со работните обврски одеше во вечерно училиште, надевајќи се дека еден ден ќе најде подобро платена работа. Освен во недела, таткото никогаш не ручаше со семејството. Само работеше и учеше за да му обезбеди на семејството се' најдобро.

Кога и да се пожалеше семејството дека таткото е секогаш отсутен, тој ќе одговореше дека сето тоа го прави заради нив.

Дојде и денот кога ги објавија резултатите од испитите кои таткото ги полагаше. На неговата голема радост, таткото положи со високи оцени. Набрзо се вработи како надзорник во една фирма која добро го плаќаше.

Како да му се оствари сонот. Таткото за прв пат можеше на семејството да му овозможи мали луксузи, како што се убава облека, вкусна храна и одмор во странство.

Меѓутоа тој и понатаму не беше со своето семејство. Продолжи да работи и да учи со надеж дека еден ден ќе стане шеф. За да стане што подобар кандидат за тоа, вонредно се запиша на факултет.

И како и порано, кога и да се пожалеше семејството дека е секогаш отсутен, тој им одговараше дека сето тоа го прави заради нив. Сепак, посакуваше да биде почесто со семејството.

Татковиот напор се исплати и тој доби унапредување на работа. Победоносно вработи куќна помошничка, за да ја ослободи својата сопруга од домашните обврски. Исто така својот трособен стан го замени со пространа куќа. Со оглед на тоа што виде дека учењето се исплаќа одлучи да запише уште една година на факултет за да биде повторно унапреден. Семејството воопшто не го гледаше. Всушност сега таткото мораше да работи и во недела.

И како и порано, кога и да се пожалеше семејството дека е секогаш отсутен, тој им одговараше дека сето тоа го прави заради нив. Сепак, посакуваше да биде почесто со семејството.

Како што очекуваше, така и се случи. Неговата напорна работа се исплати и како награда купи голема вила со поглед на море. Првата недела после тоа, таткото му соопшти на своето семејство дека одлучил повеќе да не се школува и да не се стреми кон ново унапредување. Од тој момент одлучи да му се посвети на своето семејство.

Следното утро таткото не се разбуди.


Богатството е како морска вода, што повеќе ја пиеме, се пожедни сме...

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет