cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Грижа во леунство (пуерпериум)

clock-img

26.9.2013

Леунство е периодот на првите 6-8 недели, од излегувањето на плацентата се до повторното воспоставување на нормална овулација. Кај доилките периодот на леунство може да се продолжи поради ефектот на лактацијата врз хормонската рамнотежа

Грижа во леунство (пуерпериум)

 

 

Ова е важен период за закрепнување на мајката и новороденото од процесот на породување, како и за нивната физичка и психичка адаптација.

 

Проверка на здравјето на мајката и новороденото непосредно по породувањето

Соодветната проверка на здравјето на мајката и детето непосредно по породувањето помага во спречување на компликации и за одржување на оптималното здравје на двајцата.

Непосредно по породувањето значајно е да се обрне внимание на целосното отстранување на плацентата, постоење на контракции на утерусот, крварење или флебитис.

Основните проверки за заштита на здравјето на новата мајка се однесуваат на проверка на градите, проверка за присуство на рани или инфекции на цервиксот и матката и хемоглобински тест.

Справувањето со кој било од овие резидуални проблеми треба да биде дел од процесот на породување.

 

Закрепнување на мајката по породувањето

На мајката и се даваат голем број информации кои се однесуваат на доење, исхрана, пауза до следна бременост и контрацепција.

За неа се обезбедува и потребната поддршка и советување, за справување со постпарталната депресија, која може да остави големи последици.

Закрепнувањето на мајката од бременоста и породувањето треба да биде насочено кон враќање на нејзината сила и воспоставување на нормалниот семеен живот. Постпарталната депресија е честа и треба да се консултира со здравствен работник. Загриженоста за брзо губење на вишокот килограми може да е во спротивност со хранливите потреби на мајката кои се зголемени ако е доилка.

Дополнувањето на исхраната со железо треба да се продолжи и во текот на леунството и доењето, за да се надомести железото загубено во текот на бременоста, породувањето и доењето.

Ако е потребно, медицинско лице треба да администрира Rh имуноглобулин за да се спречи евентуална имунолошка реакција меѓу мајката и плодот во наредната бременост. Исто така, ако е потребно, мајката треба да се имунизира против рубеола, за да се спречи евентуална појава на конгенитален рубеола синдром во наредните бремености.

 

Постнатална грижа за мајката и бебето

Постнаталната грижа подразбира домашна посета на патронажна сестра која треба да процени и да помогне во приспособувањето на мајката и детето во домот. Медицинскиот преглед кон крајот на леунството е значаен дел од грижата во бременоста, бидејќи овозможува целосна проценка на новороденчето по исписот од болница.

Клучните грижи околу целосно зависното новороденче се врзани за доењето и контактот со мајката, хигиената и чистотата, зголемувањето на телесната тежина, дополнувањето на исхраната со витамини, почеток на имунизацијата и прифаќањето во семејството.

Со прва имунизација за хепатит Б, БСЖ (каде што се применува) и Полио треба да се започне најрано што се може, а со програмата за рутинска вакцинација во првите шест недели.

За домашните породувања патронажните посети треба да вклучуваат проценка и мерење на телесната тежина, администрација на витамин К, имунизација и рутински скрининг тестови, како и совети за доење и грижа за новороденчето.

Советувањето со здравствен работник е важно за новата мајка, без разлика дали се работи за нејзина прва или последователна бременост.

Планирањето семејство треба да се дискутира како дел од грижата и едукацијата на здравствениот работник.

Потребата за совет и поддршка е многу изразена во овој период, заради намалување на нервозата и разгледување на многу прашања кои се однесуваат на здравјето на мајката и доенчето. Обуката на медицинскиот персонал кој работи на породувања и грижа за новородените, треба да обрне поголемо внимание за оваа нивна улога, како и за неопходната професионалност при породувањето и навремената неонатална грижа.

 

Елвис Ќаили

студент по медицина

 

doktori.mk.logo

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет