Градете здраво бебе: улогата на протеините во бременост
Протеините се основна градбена компонента на телото, а за време на бременоста, нивната улога станува критична. Тие не се само „храна за мускулите“. Tие се градбата за секоја клетка и орган на бебето.
Главни причини зошто протеините се важни во бременост
1. Градба на ткива и органи
- Протеините се составени од аминокиселини, кои телото ги користи за создавање на ткива, органи, кожа, коса и нокти.
- За бебето во стомакот, секоја клетка зависи од овие градбени блокови за правилен раст.
2. Поддршка на растот на плацентата
- Плацентата е животно важен орган кој обезбедува кислород и хранливи материи.
- За правилен развој, таа бара доволно протеини.
3. Формирање на имунолошкиот систем
- Аминокиселините од протеините помагаат во создавање на антитела и клетки кои ќе ја поддржат отпорноста на бебето.
- Добриот внес на протеини придонесува за здрав имунитет од самиот почеток.
4. Поддршка на мајчиното тело
- Протеините помагаат да се задржи мускулната маса и ја поддржуваат здравата тежина на мајката.
- Ги намалуваат ризиците од замор и слабеење на телото за време на растот на бебето.
Колку протеини се препорачуваат?
- Во првиот триместар се препорачува внес на околу 46 гр. Дневно
- Во вториот и третиот триместар се препорачува внес од 70 до 100 р.г дневно, во зависност од телесната тежина и активност
Добри извори на протеини се: месо, риба, јајца, мешунки како леќа, грав, наут, млечни производи како јогурт, сирење, млеко, јатки и семки.
Комбинацијата од растителни и животински протеини ги обезбедува сите есенцијални аминокиселини.
Совети за доволен внес на протеини
- Вклучете протеин во секој оброк.
- Избегнувајте преработена храна со мала нутритивна вредност.
- Ако имате потешкотии да внесете доволно протеини, консултирајте се со нутриционист.
Протеините се темелот на развојот на бебето, од клетките до органите, од имунитетот до мускулите. Доволниот и квалитетен внес не е само хранлив, туку и инвестиција во здравјето на твоето бебе.





