Горан Пандев вечерва прави свадба!
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вечерва во хотелот Сириус во Струмица со својата сопруга Надица ќе прават свадбена веселба

Брачниот пар граѓански стапија во брак на 26 декември 2009-та, но денеска тие ке се венчаат и во црква, а овој чин ќе го прослават во кругот на најблиските.
Кога го очекуваа новороденчето, Пандев најави дека свадбата ке ја прават заедно со синот Филипо, кој сега има 2 години, но дел од свадбената веселба вечерва ќе биде и нивната шестмесечна ќерка Ана.
Свадбата вечерва се очекува да биде помала, а семејството Пандеви деталите ги држат во тајност.