cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Главни активности на акцијата

Активностите на проектот Прегратка на Дар се поделени на активности кои ќе се реализираат во градинките, активности на Интернет медиумот Рингерај.мк и главна активност која ќе се реализира во болниците (оддели за педијатрија) низ Македонија.

Главни активности на акцијата


  • Средината на месец Октомври ќе бидат контактирани градинките со упатства за успешна реализација на проектот и прирачник со идеи за рачна изработка на кукли и честитки. Овој период ќе бидат повикани да се вклучат во акцијата и сите семејства корисници на интернет медиумот Рингераја.мк како и секој кој сака да се вклучи во акцијата.


  • Оваа година Рингераја подготви едукативна илустрирана сликовница која што позитивно ќе влијае на втемелување на клучните поими како хуманост, емпатија, другарство, подарување итн. Градинките ќе бидат советувани да направат драматизација од оваа приказна која што ќе се изведува на работилниците низ Македонија.


  • Во периодот на подготовка на играчките, на интернет медиумот и на партнер ТВ и радио медиуми ќе биде објавуван текот на акцијата, ќе се разговара на различни теми поврзани со важноста на градење на општествено свесна нација уште од мали нозе и која е улогата на родителот и учителките во најраниот детски развој.

 

  • Додека се изработуваат играчките караванот на Прегратка на дар ќе организира и посети 20 - 25 креативни работилници во градинките низ Македонија заедно со нашата маскота. 

 

  • Посебен настан се организира оваа година за финална изложба на играчките изработени од градинките и сите детски рачиња. Секоја градинка која учествува во акцијата ќе има свој изложбен простор да претстави неколку играчки.

 

  • За време на Новогодишните празници играчките со посебна топла порака во украсени пакети ќе бидат доставени во болниците.

 

  • Додека трае делењето на играчките низ болниците, на Рингераја се организира натпревар за најубаво изработена играчка. Фотографиите испратени од страна на градинките ќе бидат објавени и секој читател на Рингераја ќе може да гласа за најубавата играчка во период одреден за гласање. Нашиот покровител ќе ги награди победниците.

 

  • Финална прес конференција - Прегратка на Дар ќе ја има честа да ги претстави постигнувањата на завршна прес конференција каде што исто така ќе се изложат и најважните резултати од акцијата. 



Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет