cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Генијална мајка која го воодушеви цел свет!

Сите родители кои имаат тинејџери, знаат колку родителството може да биде стресно и напорно, а децата тврдоглави и полни со барања

Генијална мајка која го воодушеви цел свет!

 

Низ слична ситуација поминувала и австралијанката Естел Хевишем. Нејзиниот син Арон (13) формирал канала на Youtube и преку него почнал да заработува незначителна сума на пари. Со голема гордост и соопштил на својата мајка дека сега е самостоен, а во расправијата која следела истакнал дека Естел повеќе нема право да го контролира и да одредува што ќе прави.

Наместо да ја продолжи расправијата и да го казни синот, Естел добила генијална идеја – му напишала кратко писмо на синот и ги сокрила неговите омилени нешта.

Прочитајте го писмото и ќе видите зошто истото за кратко време стана хит на интернет.

 

“Драг Арон, со оглед на тоа што заборави дека имаш само 13 години и дека јас сум твоја мајка, изгледа дека ти треба една мала лекција што значи самостојност. Бидејќи ми плесна во лице дека заработуваш, мислам дека сега ќе ти биде полесно да ги откупиш сите работи кои сум ти ги купила во минатото. Ако сакаш светлина, топлина и интернет, ќе мора да плаќаш и дел од трошоците.

 

Станарина – 430 долари

Струја – 116 долари

Интернет – 20 долари

Храна – 150 долари

 

Ќе мора да фрлаш ѓубре во понеделник, среда и петок, како и да ја чистиш куќата. Еднаш неделно ќе го чистиш купатилото, ќе си подготвуваш храна сам и ќе си го чистиш нередот зад себе.

Ако не можеш, ќе ти наплатам и услуги за куќна помошничка во износ од 30 долари на ден, кога јас сето ова ќе морам да го направам наместо тебе. Ако одлучиш повторно да бидеш мое дете, а не мој возрасен цимер, тогаш може да се договориме и поинаку.

Те сака мама ”

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет