Фото: Кили стана дедо, Јоана има син
Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Јоана, која ја има во бракот со сопругата Гордана, има големи причини за славење. Јоана на свет донесе момче на кое му го даде името Аниш Круз Родригез Деан
Овие радосни вести на социјалните мрежи ги сподели Нина Деан која напиша:
„Добредојде на светот, Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам сестро“ напиша Нина на социјалните мрежи.
За потсетување, Јоана се омажи за момче од Еквадор – земјата каде заедно се преселија пред неколку години.
Вака изгледа новиот член во семејството на Јоана.








