Едуино игратон - учење и забава за деца од 3-10 години
Ги покануваме сите родители и деца од 3-10 години да се вклучат во креативниот предизвик - ЕДУИНО ИГРАТОН. Учествувајте со цел создавање на прекрасни семејни спомени и поттикнување моменти на учење и забава заедно со вашите најмили

Веруваме дека креирањето спомени заедно со вашите деца е совршен момент да споделите убав момент на забава и учење преку ЕДУИНО Игратон.
За учество во ЕДУИНО игратонот и повеќе информации, прочитајте на следниот ЛИНК
Забавните активности за домашни услови вклучени во ЕДУИНО Игратон се: Мозаик, Игра со кругови, Геотабла, Волшебно другарче, Градина во домот, Правиме музика и Пронајди го листот!
На ЕДУИНО Игратонот ќе има симболични подароци кои ќе се доделат преку лотарија, со извлекување на 12 добитници, одбрани по случаен избор врз база на пријавите добиени и испратени преку формата, а објавени преку јавен и транспарентен настан.
Се надеваме дека ќе креирате прекрасни семејни спомени, со многу насмевки и учење заедно со вашите деца.
Ве охрабруваме да ги погледнете и останатите 150 активности во секцијата Активности и игри на колективниот портал за дигитални содржини ЕДУИНО, или на овој ЛИНК
ЕДУИНО колективниот портал за дигитални содржини има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација. Па затоа, ајде заедно да креираме и да се забавуваме!