Џенифер Анистон ја откри тајната на убавината

Најпопуларната фризура, прамени кои се бараат во секој фризерски салон, тело на кое не може да му се најде замерка и улогата на Рејчел ја претворија Џенифер Анистон во една од најпопуларните глумици на Холивуд

Џенифер Анистон ја откри тајната на убавината

 

Истражувајќи се себе сфатила дека не мора да носи маска, туку да биде она што е, а притоа да мисли само на шминката.

Make up фасадата, со која многу жени го прикриваат своето лице, потполно е непотребна. Тајната лежи во изборот на вистински производи кои одговараат на типот на кожа и во правилна и редовна нега. Тоа е она што со текот на годините го сфатила Џенифер Анистон.

 

8 make up производи, кои мора да ги имате

 

Молив за уста е производ со кој можете баш се, да го нагласите надворешниот раб на усните, да го зголемите нивниот волумен, да го измените обликот на устата и да го користите како подлога за кармин. Важно е да најдете боја која ќе Ви одговара и да го ставите во својот несесер.

Руж, или перли за руменило е вториот по ред производ, кој мора да го имате. Одличен е доколку го нанесете на цело лице, или можете да ги нагласите само образите. Ако содржи и светливи честички, ќе го освежи Вашиот изглед и расположение.

Избор на добра пудра е тешка задача. Треба да ги почитувате советите на оние кои продаваат козметички производи и да ја најдете онаа која најмногу Ви одговара.

 

kozm

 

Пудра во прав е производ кој заслужува место во козметичката торбичка, а Џенифер го користи како коректор за прикривање на неправилностите на лицето.

Џенифер Анистон користи сапун за лице уште од средношколските денови. "Мојата филозофија за чистење на лицето е што поедноставно - тоа подобро."

Подрачјето околу очите е нежно и тоа прво ќе ги покаже знаците на старост. Хидратантен крем е вистински избор за негова нега.

 

kozm1

 

Кремот за лице мора да одговара на кожата. Џенифер го користи дневниот крем на Dr. Hauschk, кој и дава свежина на нејзината кожа.

Серум за подмладување е омилен кај жените, кои забележуваат знаци на стареење на лицето и еден од најважните производи без кои не треба да го започнете денот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет