cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Двојазичноста во развојот на говорно–јазичните вештини

Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклучуваат е дека учењето повеќе од еден јазик е полезно па дури и фантастично

Двојазичноста во развојот на говорно–јазичните вештини

Сепак постојат многу нејаснотии како кај родителите така и кај професионалците
за влијанието на повеќето јазици во развојот на говорот кај децата.

 

Добрата вест е тоа дека двојазичноста не влијае негативно на јазичниот развој, туку напротив, го подобрува развојот.


Покрај изложеноста на два јазика, децата се способни да ги развиваат соодветно говорно – јазичните вештини како сите останати врсници.


Постојат два начина за учење на јазиците.

 

Некои деца зборуваат 2 јазици од раѓање (истовремено учат два  јазици), а други учат еден – мајчиниот , а вториот јазик го учат подоцна (секвенционално учење на два јазика
Профилот на двојазичен  развој на детето зависи од тоа како и кога се стекнува секој јазик.


1. Симултано учење на двата јазика

Овие деца учат 2 јазици од раѓање
Еден родител или старател разговара со нив на еден јазик, а другиот родител или старател разговара со нив на друг јазик
Еден јазик се зборува во домот, а другиот се зборува во заедницата и детето редовно е изложено на двата јазика пред 3-годишна возраст.
Овие деца го развиваат јазикот слично како нивните врсници кои зборуваат само еден јазик.
Постојат некои разлики во фонолошкиот развој кои до 5-годишна возраст треба да исчезнат.

2. Секвенцијално учење на два јазика

Овој начин на учење на јазиците е кога детето учи друг јазик откако ќе се воспостави мајчиниот  јазик.
Еден јазик се зборува во домот, а друг јазик се воведува кога детето ќе започне да оди во градинка, по 3-годишна возраст.
Кога ќе се воведе вториот јазик, некои деца „тивок период“. Можеби не зборуваат толку многу и „се враќаат“ на користење на само 1-2 фрази со зборови на нивниот мајчин јазик. Ова може да трае неколку месеци, но нормално е и треба да се очекува. НЕ значи дека тие заостануваат во развојот  или ги губат јазичните вештини.


Да се знае  повеќе од еден јазик е предност

Совети

Двојазичноста е корисна од повеќе академски, социјални и когнитивни причини.

 

Двојазичноста не предизвикува доцнење во развојот на говорно – јазичните вештини и не е причина за интервенција од стручни лица.

 

Автор: 

 

дипл. Логопед Симона В. Николовска
Логопедски кабинет „ Среќичка “
web mail www.logoped.mk

Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка

Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial

 

View this post on Instagram

Често пати родителите се во паника но и заблуда, кога детето треба да почне да го изговара правилно гласот Р.? Она што е важно да се знае дека за да може едно дете да го изговара гласот Р треба да има совршена подготвеност на говорниот апарат. Тоа значи дека детето треба да има развиено добра орална моторика, да има добар фонематски слух, да има правилен проток на воздушната струја при артикулација на гласовите.? Гласот Р е “најтешкиот” глас за изговор во нашиот говор. За тоа се остава простор за негово спонтано формирање до 5 – 5,6 годишна возраст.? ? Затоа драги родители, ако Вашето дете има 2, 3 или 4 години и при тоа гласот Р отсуствува или го заменува со некој друг глас од азбуката, не грижете се и работете на оралната моторика за да го подготвите говорниот апарат да може да се формира гласот Р до после 5 – тата година.? ? Доколку Вашето дете го изговара гласот Р на неправилен начин, односно тоа е француско, грлено, билабијално или друго Р, побарајте помош од логопед за да се отпочне со логопедска рехабилитација . . . . . . . . . . #govor #razvojgovora #dete #deca #govornevezbe #govorniveshtini #среќичка #среќичкаводич #среќичкасоветува #среќичкаводич #логопедскикабинетсреќичка #логопедскопје #логопед #логопедскивежби #logoped #логотерапија #говоренразвој #развојнаговор #корекцијанаглас #деца #родителиидеца

A post shared by Logoped (@srekjichkaofficial) on Aug 20, 2020 at 10:15am PDT

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет