Другарката Ели
Инструкции - како да направите играчка дома

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Прегратката не се купува,
на пазар не се продава,
прегратката се дарува,
за другарство да царува.
За оваа убава кукличка Ели не треба да купувате материјали, искористете ги парчињата ткаенина кои ги имате дома. Можете да направите повеќе куклички кои ќе ги сошиете една до друга, или една кукличка за едно болно детенце.
Потребно ви е:
- Ткаенина во различни бои
- Конец за шиење и игла
- Конец за везење во црвена и црна боја
- Ножици
- Памук или молтотекс
Постапка:
Пресечете парчиња следејќи го примерот. Почнете од главата – составете ја косата со лицето и навезете очи и уста. Направете црвени обравчиња со кармин. Составете ги двете парчиња од телото, наполнете го со памук или молтотекс и оставете отвор кај главата. Ставете и украсна престилка на куклата. Ставете го вратот на куклата во отворот на телото и сошијте ги нозете на фустанчето.
Погледнете ги и другите играчки од нашата колекција |