Девојчето и дијамантите

Инспиративна приказна за великодушноста

Девојчето и дијамантите

 

Тоа беше одамна. На земјата настана голема суша: потоците, реките и бунарите пресушија, цвеќињата, тревата и дрвата се исушија. Од жед умираа луѓето и животните.

Една темна ноќ, едно девојче со стомна во рака излезе од куќа на куќа да бара вода за болната мајка. Така уморно, легна на тревата и заспа. Кога се разбуди и посегна по стомната не можеше да им верува на своите очи. Стомната беше полна со свежа и чиста вода. Девојчето се израдува и посака да се напие, но се сети дека можеби за мајка му нема да остане доволно, па истрча со водата дома. Така трчаше што не го забележа малото куче пред своите нозе. Се засопна и ја испушти стомната од раце.

Кучето тажно зацивка. Девојчето ја подаде раката кон стомната, мислеше дека водата се истури. Но, не! Стомната стоеше на земја и од неа не капна ниту една капка. Тогаш девојчето налеа вода во раката, а кучето се напи и повторно беше весело. Кога девојчето погледна во стомната, таа беше сребрена.

Тогаш девојчето потрча накај дома и и даде на мајка си да се напие. Мајката и рече:”Јас и онака ќе умрам, попрво ти напиј се вода”  и и ја даде стомната на ќерка си. Во истиот момент стомната стана златна. Девојчето не можеше повеќе да одолее и сакаше да се напие вода, кога некој патник влезе во собата и замоли за голтка вода. Девојчето наместо вода, ја проголта својата плунка и стомната му ја даде на патникот. На стомната изненадно се појавија седум дијаманти и од секој од нив течеше млаз на свежа и честа вода.

 

 


 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет