cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дете од 1-2 години - од аспект на мама

@mamamegi го споделува своето искуство

Дете од 1-2 години - од аспект на мама

 

Дете после година веќе не е бебе, иако тоа можеби сеуште не оди само или сеуште цица. Па има деца кои цицаат и до 3 години.
Сега веќе мајката не е таа која моли за доење, туку детето само си бара, и тоа некогаш во стоечка положба.
Дете од 13,14,15 месеци сеуште не е стабилно во одењето, но додека оди колку толку веќе носи и играчка со себе. Знае да направи кула од коцки. Ги препознава играчките. Слуша наредби,од типот "дојди ваму" и соработува при облекувањето. Ги распознава поголемите делови од телото. Знае каде му се очите, ушите, устата.
Дете од 16,17,18 месеци веќе станува по сигурно во одењето. Знае дури да оди и наназад.
Зголемената активност ги прави по уморни и тешко заспиваат, затоа често тешко ги убедувате за спиење.
На оваа возраст може веќе и да пие од чаша.
На 18 месеци речникот на детето може наеднаш и да се зголеми, почнува да учи по повеќе зборови дневно.
Си го знае своето име и ги распознава и најблиските по имиња.
Дете на 19, 20 месеци веќе може и да формира кратки реченици, од типот "што е тоа".
Од аспект на хранењето, тоа веќе знае само да каже кога е готово или да побара уште.
Дете на овие месеци веќе се обидува и само да се облекува или соблекува, иако тоа почесто е неуспешно.
Дете на овие месеци веќе знае и само да мие рачиња и заби.
Дете при крајот на втората година употребува зборови за да изрази лутина. Понекогаш сеуште се потпира на изрази на лицето или извици за изразување чувства.
Може да јаде сè што јадат и возрасните.
Кај некои деца веќе е време да се почне тренинг за контрола на изметот и урината. Кај некои, пак, е потребно дополнително време за созревање на моторните вештини и созревање на контролата на мокрењето.
Во текот на втората година бројчето на чевлите кои ги носи детето расте на секои три месеца.
Деца како деца, интересни се и кога се бебиња, и кога имаат 2, 3 години, па и кога имаат 10 години.

 

 

View this post on Instagram

A post shared by(@mamamegi)

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет