cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дете и велосипед

Иако вам ви изгледа дека вашето дете потполно го „надгледува“ својот велосипед и случувањата во околината, не заборавајте дека децата до шестата година сеуште не се доволно зрели за да би можеле да ги пуштите сами со велосипед на патот.

Дете и велосипед

Иако вам ви изгледа дека вашето дете потполно го „надгледува“ својот велосипед и случувањата во околината, не заборавајте дека децата до шестата година сеуште не се доволно зрели за да може да ги пуштите сами со велосипед на патот.


Потполно предадени на возењето и играта, децата ниту ги гледаат и ниту ги слушаат автомобилите и другите возачи кои се движат кон нив.  Освен тоа, сеуште имаат проблеми со рамнотежата и употребата на кочниците. Затоа не треба да ги испуштате од вид и предупредувајте ги на случувањата во сообраќајот. Со шест години детето веќе почнува да ги разбира правилата во сообраќајот. Ќе го научите да вози безбедно доколку му објасните колку е важно да ја намали брзината кога му се приближува автомобил, каде воопшто смее, а каде не смее да вози со велосипедот (избегнувајте сообраќајни патишта). Пред се вие морате да му послужите како пример на своето дете - со своето внимателно возење и редовно носење на кацигата која често спречува тешки повреди на главата.

Затоа мора при купување на кациги да внимавате на тоа дали одговара на детската глава и дали е тестирана. Детето треба  кацигата да ја носи поместена напред на челото – работ на кацигата нека биде околу 1 см над веѓите. При носењето на кацига мора да бидете доследни. Детското приговарање за топлината под „тврдата капа“ не смее да ви попречи во вашата доследност, па дури и да се работи за неколку метри на возење.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет