Децата се вратија во училиште со капи за дистанца
Кинеските деца се вратија на училиште со „капи за социјално дистанцирање“

Учениците во основното образование во кинескиот мегаполис Хангжу се вратија на училиште, со невообичаен додаток на нивната стандардна униформа: картонска капа со крила која ги потсетува дека треба да држат растојание едни од други.
Најдолгиот зимски одмор за основците во Хангжу заврши неделава, а едно од училиштата во градот, основното училиште Јангженг, на своите ученици веднаш им дало задача – самите да направат „метарски капи“, за да ги потсетуваат дечињата дека треба да останат на еден метар оддалеченост во секое време.