Децата го обожаваат: Колач со јагоди
Кога немате многу време за подготовка, а сакате да направите торта во која ќе ужива целото семејство
Потребно е:
200 грама кршени бисквити
200 гр. маргарин
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
8 лажици шеќер
1 чаша кисела павлака
300-400 грама јагоди
250 мл. слатка павлака
Подготовка:
Одделете малку млеко и во него ставете 3 пудинзи. Остатокот од млекото ставете го на шпорет и засладете го. Кога ќе проврие, варете го околу 3 минути и тргнете го од оган.
Во врелиот пудинг ставете го маргаринот да се стопи, а потоа додадете го и искршениот кекс. Сето добро измешајте го и на крај додадете јагоди исечени на крупни парчиња.
Смесата ставете ја во калап/сад и обликувајте ја. Изматете ја разладената павлака и засладете по потреба. Изладениот колач премачкајте го со слатка павлака.





