cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали вашите деца спонтано пеат? Еве што значи тоа

Родителите често забележуваат дека нивните деца, без некој посебен повод, си пеат додека играат, цртаат или дури и додека се облекуваат.

Дали вашите деца спонтано пеат? Еве што значи тоа

Зошто децата пеат спонтано?

  1. Пеењето е начин на децата да го изразат расположението. Кога се радосни, песната е весела, кога се замислени, може да биде побавна.
  2. Со повторување на рими и мелодии, децата го развиваат и збогатуваат својот јазик, го подобруваат изговарањето и учат нови зборови.
  3. Често измислуваат свои текстови и мелодии. Тоа е знак дека нивниот мозок активно поврзува зборови, чувства и ритам.
  4. Како што возрасните свират музика за релаксација, така и детето со пеењето се смирува и создава чувство на сигурност.

 

Што значи за нивниот развој?

  • За когнитивниот развој. Со овој акт децата имаат подобра меморија, концентрација и развој на логичкото размислување.
  • За емоционален развој. Децата учат да ги препознаваат и регулираат своите чувства.
  • За социјален развој. Пеењето им помага полесно да се вклучат во групни активности, хор или игра со врсници.
  • За моторички развој. Кога пеат децата пеат и се движат во ритам, се подобрува координацијата на телото.

 

Како родителите можат да го поддржат тоа?

  • Охрабрете ги да пеат.
  • Пејте заедно со нив, за време на возење, подготовка на храна или пред спиење.
  • Дозволете им да си измислуваат свои песни бидејќи тоа е знак на самодоверба и креативност.
  • Изложете ги на различни жанрови на музика како класична, детски песнички, народна музика.

 

Спонтаното пеење е природен и здрав начин на изразување кај децата. Тоа не е само игра, туку сигнал дека детето развива важни когнитивни, емоционални и социјални вештини. Затоа, следниот пат кога ќе го чуете вашето дете како „пее за себе“ насмевнете се и придружете му се. Тоа е музиката на растот и развојот.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет