cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали треба да се прави детокс пред планирање бременост? Што навистина е важно?

Кога парот ќе реши дека е време за бебе, најчестата мисла е: „Што можам да направам за да бидам што е можно по подготвен/а?“

Дали треба да се прави детокс пред планирање бременост?

Токму тука се појавува идејата за „детокс“. Но што навистина значи детокс пред бременост и дали е воопшто потребен?

Вистината е дека телото веќе има сопствен систем за прочистување, црниот дроб, бубрезите, кожата и белите дробови секојдневно ги отстрануваат токсините. Но она што можете да го направите пред планирање бременост е да го поддржите телото со здрави навики наместо со екстремни режими.

 

Детокс не значи глад и строги диети

Популарните брзи детокси преку консумирање сокови, еднодневни „чистења на организмот“, магични чаеви често звучат примамливо. Но тие можат да направат повеќе штета отколку корист. Тие: го намалуваат енергетскиот внес, создаваат стрес врз телото, влијаат врз хормоналната рамнотежа, може да доведат до недостаток на важни нутриенти.

Пред бременост, приоритет е стабилно, нахрането и силно тело, а не исцрпено од експрес диети.

 

Здрав детокс значи поддршка на телото, а не казнување

Наместо класични детокс режими, многу поефикасно е постепено да воведете здрави навики кои го поддржуваат природниот процес на чистење. Тоа вклучува: внес на свежо овошје и зеленчук, намалување на алкохол, правилна хидратација, ограничување на внес на преработена храна, лесна физичка активност, како и подобрување на квалитетот на спиењето.

Таквите промени можат да го поддржат хормоналниот баланс, да ја подобрат енергијата и да создадат основа за здрава бременост.

 

Фокусирајте се на внес на нутриенти, а не на „чистење“ на организмот

Пред зачнување, телото има потреба од: фолна киселина, железо, омега-3 масти, витамин D, балансирана исхрана, здрава телесна тежина.

Ова се далеку поважни фактори од било каков детокс план.

 

Воведување на една навика што е навистина важна, а тоа е ограничување на внес на штетни супстанции

Ако постои нешто што жената треба да го „исчисти“ од своето тело пред бременост, тоа се навики или средини кои можат реално да влијаат на здравјето како што се: пушење, прекумерен внес на алкохол, лош сон, хроничен стрес, прекумерна употреба на кофеин.

Овие промени имаат многу поголемо влијание врз плодноста од било кој детокс пијалак.

 

Ментален детокс пред зачнување

Планирањето бременост не е само физичка подготовка. Тоа е време и за: намалување на стресот, создавање на поддржувачка околина, разговор со партнерот за сите очекувања, како и градење навики што ќе ви служат и во бременоста.

Мирно, стабилно и балансирано тело е секогаш подготвен терен за нов живот.

 

Ако детокс значи екстремни диети, чистки и на тој начин изложување на дополнителни ризици тогаш не е потребен.
Ако детокс значи воведување здрави навики, намалување штетни влијанија и поддршка на организмот, тогаш тоа може да биде одличен чекор.

Подготовката за бременост е создавање навики што ќе ви помогнат да влезете во новата улога со сила, стабилност и здравје.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет