Дали е добро детето да ги види родителите голи?

Некои родители сметаат дека е добро детето да ги види голи, како добра воспитна вредност, за да се избегне “болната” љубопитност. Други родители, сметаат дека покажувањето на одредени делови од човечкото тело е нешто непристојно и некоректно!

Дали е добро детето да ги види родителите голи?

Психолозите, сепак  не се сложуваат ниту со едните, ниту со другите. Криењето на одредени делови од сопственото тело е за осудување. Па дури и смешно. Тие кои тоа го прават им покажуваат на децата дека тоа е нешто лошо, непосакувано. Не е потребно дополнително да се објаснува какви можат да бидат последиците од ваквото воспитување.  

Од друга страна, не може да се прифати и другото  сфаќање без одредени резерви. Бидејќи, доколку е точно дека гледањето  на голо тело, кај детето го намалува сексуалното интересирање, тогаш и тоа не е добро. За среќа, не е така. Колку и да биде изложено на детската љубопитност, човечкото тело секогаш ќе биде привлечно и возбудливо. Но, зарем родителите не се изложуваат на опасност дека премногу ја предизвикуваат детската љубопитност, наместо да ја смират задоволувајќи ја.  

Тој вид на предизвикување на љубопитноста нема во себе ништо  за осуда или опасност, под услов родителите да се однесуваат спонтано и нивното разголување пред детето да биде нешто случајно, а не програмирано. Кога ќе ги види голи родителите, детето останува рамнодушно, доколку и самите родители со своето однесување не создадат кај детето чувство дека се работи за нешто лошо и непријатно. Треба да се прилагодувате на ситуациите. Ако детето влезе во бањата додека еден од родителите се бања, не треба да го бркате надвор. Но, доколку не влезе, не треба да го викате внатре. Кога нивната љубопитност ќе се разбуди, детето само ќе се заинтересира.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет