Да им помогнеме на децата да го засакаат читањето!
Хуманитарна акција за донирање на книги, наменети за воспитно-поправните домови за малолетници во Тетово и Охрид

Време: сабота, 02 април · 12:00 - 14:00
Локација: Младински културен центар - Детски креативен центар
Одбележување на 2 април - Меѓународен ден на литературата за деца
Претставување на книгата „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер – препорачана за деца кои не сакаат да читаат и деца со дислексија
- Промотор: проф. Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по светска и македонска книжевност за деца на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје
Изложба на цртежи од Димитар Торбаков, илустратор на македонското издание на „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер
Младите актери од театарската работилница ќе читаат извадоци од книгата.