Cryo Save известување
Драги наши родители – членови на Cryo Save семејството,

Поголемиот дел од Вас, веќе ги направи своите први родителски чекори, започнавте да уживате во својата нова улога на родители и секојдневно се радувате на своите најмали и најмили.
И сигурно веќе сте почнале да ги полните семејните албуми со бројни фотографии од првите денови и првите насмевки на своите малечки.
Cryo-Save семејството во Македонија e навистина големо, а се проширува секој ден и нам ќе ни биде многу мило кога би можеле да направиме еден голем заеднички семеен Cryo-Save албум, колаж на фотографии на сите Cryo-Save бебиња во Македонија, кој во вид на голем врамен постер би ги облагородувал нашите канцеларии во Би-МЕК.
Вашите омилени фотографии во неограничен број можете да ни ги испраќате по пошта на ул. Димитрије Туцовиќ бр.22, 1000 Скопје или на mail marketing@bimek.com.mk
Со нетпрение ги очекуваме Вашите фотографии! Благодарност за сите што досега ни пратија одлични фотки од Вашите најмили. На крајот на оваа година ќе избереме 12 најитересни фотографии што ќе бидат дел од новогодишниот Cryo Save календар 2011.
*Cryo–Save се обврзува дека сите фотографии ќе бидат употребени исклучиво за овие цели и нема да бидат објавувани на друго место или употребени за други намени.
Стенете наш пријател на Facebook, доколку сте корисници на социјалната мрежа. Можете да не најдете на следниот линк:
За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на тел/факс 02 3296 990, маил marketing@bimek.com.mk, лице за контакт Катеринa Пановска, ПР и маркетинг во Би-МЕК.
Искрено Ваш, тимот на Cryo–Save во Македонија.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |