cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Чување на млечните заби: Зошто се важни и како да останат здрави?

Млечните заби често се доживуваат и се прифаќаат како привремени затоа често и се занемарени. „Ќе паднат, па ќе никнат нови“, велат некои родители.

Чување на млечните заби

Но, вистината е поинаква: млечните заби поставуваат темели за идното орално здравје, говорот и самодовербата на детето.

Ако сакаме нашите деца да имаат здрави трајни заби, мора да почнеме со грижата уште од првиот заб.

 

Зошто се важни млечните заби?

  1. Го насочуваат растот на трајните заби
    Млечните заби ја чуваат позицијата за постојаните. Ако се изгубат прерано поради кариес, трајните заби може да никнат искривено или во погрешна положба.
  2. Го овозможуваат правилниот говор
    Звукот на буквите како С, З, Ч, Џ, зависи од присуството и здравјето на предните млечни заби.
  3. Го овозможуваат џвакањето и варењето
    Децата со расипани или болни заби избегнуваат тврда храна, што може да доведе до нутритивни недостатоци, или не ја џвакаат храната доволни и имаат дигестивни тегоби
  4. Го градат самопочитувањето
    Усните, насмевката и способноста за слободно зборување се важни за социјалниот развој на детето.

 

Како да ги чуваме млечните заби здрави?

1. Почнуваме со чување од првиот ден:
Дури и пред да никне првиот заб, нежно бришете ги непцата со влажна газа. Со првиот заб, воведете бебешка четка со меки влакна.

2. Заспивање без млеко или сок:
Течностите со шеќер, особено ноќе, создаваат идеални услови за бактерии. Ако детето сака нешто пред спиење, нека биде само вода.

3. Правилно четкање на забите со ваша помош:
До 6–7 години, децата немаат доволно моторика да ги четкаат заботе сами и ефективно. Помогнете им со игра и рутина.

4. Без пасивно грицкање:
Избегнувајте постојано грицкање бисквити, чоколада или пиење сокови помеѓу оброците. Забите немаат доволно време да се исчистат природно.

5. Флуор – соодветно на возраста:
Користете паста со флуор во количина колку зрно ориз (до 3 години) и грашок (по 3 години). Не дозволувајте детето да ја голта пастата.

6. Посета на стоматолог, пред да настане проблем:
Првата посета треба да биде околу 1 година, или кога ќе никне првиот заб. Таа не е за лекување, туку за навика и превенција.

 

Што ако млечен заб се расипе?

Не чекајте да падне. Расипаниот млечен заб доведува до бројни проблеми.

  • Може да предизвика болка и оток
  • Може да ја инфицира вилицата
  • Го загрозува здравјето на трајниот заб што чека под него
  • Може да влијае на апетитот, сонот и концентрацијата на детето

Лекувањето (со пломба или вадење) мора да биде само по препорака на стоматолог.


Млечните заби се мали, но важни делови

Тие не се тука само за неколку години. Тие го подготвуваат теренот за здрав живот.
Грижата за млечните заби е инвестиција во здравата насмевка, добрата исхрана и сигурната комуникација на вашето дете.

Научете го детето дека забите не се „нешто што се мие“ и тука завршуваме со грижата за нив. Научете ги дека се делови од телото кои треба вредно да ги чуваме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет