Четко ве кани на дружба во Cineplexx

clock-img

16.4.2019

Главникот јунак на приказната „Патот до здрави заби“, Четко Четковски, ве кани на трета едукативна дружба исполнета со игри, забава и подароци. Оваа дружба ќе се одржи на 20 април во киното Cineplexx (Skopje City Mall) од 12 до 14 часот

Четко ве кани на дружба во Cineplexx

Сакате да откриете што е потребно за да се отстранат бактериите од забите? Колку пати треба да се мијат запчињата или колку пати треба да се посетува стоматолог? Одговорот на сите овие прашања ќе го добиете преку игрите, што Четко и Лакалут ги подготвија за посетителите на настанот во Cineplexx.

Четко за сите другарчиња што ќе дојдат на настанот подготви и подароци од палетата Лакалут, а на настанот ќе биде присутен и стоматолог кој ќе прави бесплатни прегледи и ќе дели совети за правилна орална хигиена кај децата.

Четко ве повикува да му се придружите и на оваа средба, на која нè очекува смеа, игри и забавна едукација. Сите оние кои сакаат да имаат широка здрава насмевка како неговата ќе имаат прилика да научат кои чекори треба да ги следат за да блескаат како него.

Кампањата „Патот до здрави заби“ која годинава го прославува својот петти јубилеј е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата, Натусана континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет