cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Чаша млеко

Еден ден, едно сиромашно момче продаваше облека од врата до врата, за да заработи пари за школување. Почувствува глад и виде дека во џебот има само пет денари, па одлучи во следната куќа да побара храна.

Чаша млеко

 

 

Заборави колку е гладен кога на вратата на следната куќа се појави преубава жена и наместо храна побара чаша вода.

Жената забележа дека момчето е мошне гладно и му донесе голема чаша млеко. Момчето полека ја испи и праша:

- Колку сум должен?

- Ништо не си должен – одговори таа. - Мајка ни не научи никому ништо да не наплаќаме, кога тоа го правиме од милосрдие.

- Тогаш Ви благодарам од се' срце – се заблагодари момчето.

По многу години подоцна, оваа млада жена се разболе смртно. Локалните доктори не знаеja за што се работи, па ја испратиja во болница на испитување. Докторот Howard Kelly беше повикан како консултант за нејзиниот случај. Кога го чу името на местото од каде доаѓа жената, почнаа да му навираат сеќавања. Стана и отиде во нејзината соба. Кога ја виде, веднаш ја препозна – тоа беше жената која му подари чаша млеко

Докторот се врати во собата за консултации одлучен да го даде најдоброто од себе за да и го спаси животот. Оттогаш почна да посветува посебно внимание на нејзиното лечење. После долга битка со болеста – таа преживеа. Докторот Kelly остави порака сметката за нејзиното лечење да му се достави нему на овера.

Ја погледна сметката, напиша нешто на маргините и ја испрати во нејзината соба. Жената помисли дека сметката кон болницата ќе мора да ја плаќа цел живот.

Но кога отвори...

Нешто што беше напишано на маргините и го сврте вниманието. Ги прочита зборовите:

 

Платено во потполност со чаша млеко

Dr. Howard Kelly

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет