Будење на детето - невозможна мисија?

Ако пред неколку години детето ве будеше неколку пати во ноќта или пак рано наутро, по неколку години будењето за во градинка или пак училиште се претвора во невозможна мисија

Будење на детето - невозможна мисија?

 

Лесно им е на оние родители чии деца стануваат како јариња рано наутро. Со потскок и со животни сили! Но ако вашето дете не е од овој тип? Утринското станување се претвора во циркус претстава, со обучување на тигри, кловнови и делфини? Да разгледаме неколку начини за будење на деца со упорно затворени очи.

 

1/ Музика

Сите деца имаат омилени песни кои може да се претворат во одличен будилник. Најважно е музиката да биде со средна јачина и да не почне нагло и неочекувано. Можете на самиот почеток да ја пуштите сосема тивко, а потоа да ја зголемите.
Обично децата се будат уште на првата песна, но самиот излез од под покривката може да потрае уште една-две песни. Со такво будење расположението  гарантирано се подобрува.

 

2 / Светло

Ако располагате со светилка, чија сила на светење може да се приспособи, користете ја. Постепеното зголемувајте ја светлината, да делува како изгревањето на сонцето - природно будење на организмот.

3 / Цртани

Понекогаш кога будењето оди особено тешко, можете да пуштите на телевизорот весел анимиран филм.

 

4 / Мирис на омилената храна

Ако децата не се извлекуваат упорно од креветите, почнете да готвите нешто омилено што ќе го запали нивниот апетит. Кажувајте на глас сè што правите. Така ќе го информирате детето дека масата е наместена, а на неа се омилените јадења.

 

5 / Раскажување за претстојните настани во текот на денот

Детето може да е уморно и да не може да ги извади нозете од под покривката, но кога ќе почнете да раскажувате за она што треба да се случи во текот на денот, сосема можно е да му вложи сили и ентузијазам.

 

6 / Масажа на мекиот дел на увото

Велат дека оваа масажа влијае врз циркулацијата на крвта во организмот, односно провоцира наплив на енергија.

 

7 / Масажа на грбот и нозете

Започнете со масажа по грбот и стомакот, постепено зголемувајќи ја силата. Масирајте ги стапалата на детето, додека конечно ги отвори очите и почне да ги движи нозете.

 

8 / Во тешките моменти можете да се обидете со лесни прскања со топла вода

Овој метод се препорачува само во итни случаи, а не како редовна пракса.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет