cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Блог: Кај нас важи правилото "лажичката да заигра"

Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Матеа знае дека треба да јаде сe за да расте голема и да биде здрава, она што многу ме радува е што не пребира храна и тоа е големо олеснување

Блог: Кај нас важи правилото "лажичката да заигра"

Кога ќе се роди бебето сите се радуваат и нема поголема среќа од таа.

Но во тој момент секој родител се прашува дали ќе може најдобро да се снајде во новата и најголема улога РОДИТЕЛ, како ќе знае дали правилно го чува бебенцето, дали доволно јаде, дали доволно спие и уште многу прашања на списокот кој секојдневно се зголемува.

Како поминува времето секој родител учи се повеќе за своето детенце и се труди да дознае точно што му треба и што е најдобро за него за да има правилен раст и развој.

Кога е исхраната во прашање, Матеа напредуваше како по книга и со воведувањето на цврста храна и со растењето. За среќа има одличен педијатар кој ми беше максимална поддршка од првиот ден и имаше одговор на сите мои прашања поврзани со правилен раст и развој на бебето.

Уште од првиот залак цврста храна јас оброците сама ги подготвував, тоа беше моја

одлука и сметав дека е најправилна за нејзиното здравје.

Но често се соочував со страв и несигурност колку е потребно за да биде детето сито, дали ќе се најаде или ќе биде гладно па дури често и ги мерев оброците. Денот ни започнува во 6³? секое утро, а подготвувањето на сите оброци ни беше омилена заедничка секојдневна активност додека да почне Матеа да оди во градинка.

Многу сакаше за појадок свежо овоје со бисквити или некоја житарка, ручекот се трудев да е традиционален рецепт од нашата кујна, додека за вечера не секогаш таа сакаше да соработува и да јаде па оставав сама да одбере што сака.

Сега за време на викендите кога сме дома уживаме во заедничката подготовка на оброците и имам одличен помошник во кујната.

На почетокот прашував други мајки за совети и идеи што им подготвуваат на нивните дечиња, читав доста за исхраната на децата и применував тоа што јас мислам дека е добро за моето дете, па со тек на време како пробувавме најразлични комбинации откривме кои ни се омилените оброци кои таа ги обожава во секое време.

До ден денес практикувам оброците да ги приготвувам дома, а посебно ми е драго што создадовме една добра навика. Секој родител учи и се труди за своето дете и начинот на кој го храни да биде што повеќе нутритивен и избалансиран,  бидејќи секое дете е различно.

Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Матеа знае дека треба да јаде сè за да расте голема и да биде здрава, она што многу ме радува е што не пребира храна и тоа е големо олеснување. Дополнителна и голема поддршка во ова е и одењето во градинка каде што внимаваат што приготвуваат за дечињата и имаат здрави оброци и ужинки секој ден.

Но не дека не правам отстапки од "правилата" и во ситуации кога сме подолго време надвор се случува да има готов оброк или ужинка, па и по некое чоколадо и грицки.

Пред извесно време наидов на една одлична апликација Bebbo во која има многу информации за здрава исхрана според возраста на детето, доста игри и стручни совети кои се корисни и се голема поддршка за секој родител и е многу лесна за користење.

На оваа тема има бројни ставови и мислења што е најдобро, па кој и да е начинот на кој ќе одбереме да го растеме своето дете е добар доколку расте здраво и среќно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет