Блог: Дали е тешко да се биде тинејџ мајка?
Често добивам прашање дали ти беше и ти е тешко да бидеш мајка, асоцирајќи на моите години. Ќе кажам да, тешко е. Но тука не имаат никаков фактор моите години

Мајчинството е тешко на свој начин, не зависно од твојата возраст. Апсолутно не ти олеснува тебе што си родила на 35,или на мојата роднина на 28, или па можеби на твојата пријателка која родила на 22 години,па дури ниту на жената за која прочитав дека го добила своето прво дете на 51 година.
Секоја мајка се уверила дека за таа улога е потребно труд, трпение, разбирање, внимание и многу многу дози љубов.
Не си ти не мајка ако си родила со царски рез, не си ти не мајка ако даваш вештачко млеко, или ако го оставаш детето да се игра со кал, но исто така и јас не сум не мајка што сум родила млада.
Годините не не прават мајки, тоа го прават нашите деца штом ќе излезат од нашето тело.
Мајчинството е мајчинство, за него нема правила.