Бебето родено само 212 грама си отиде дома
Бебето, за кое се верува дека е најмалото новороденче во светот, беше пуштено од болница во Сингапур по 13 месеци интензивно лекување

Квек Ју Ксуан при раѓање тежела само 212 грама, колку едно јаболко и била долга 24 сантимтри. Таа е родена на само 25 недели, што е далеку помалку од просекот од 40 недели, пренесува Би -Би -Си. Претходниот „рекордер“ беше девојче родено во САД, кое тежеше 245 грама откако се роди во 2018 година. Ју Ксуан е родена со царски рез четири месеци порано откако на нејзината мајка и била дијагностицирана прееклампсија, многу висок крвен притисок што може да ги оштети виталните органи на мајката и бебето. Ју Ксуан сега тежи 6,3 килограми. По раѓањето, лекарите во Националната универзитетска болница во Сингапур не и дадоа голема шанса да преживее.
За време на нејзиниот престој во болницата Ју Ксуан, беше под разни третмани и прикачена на разни апарати за да преживее. Нејзиното здравје се подобри под будното око на докторите и сега беше доволно добро за да може да си оди дома. Квек Ју Ксуан уште има хронична болест на белите дробови и ќе и треба помош при дишење и кога ќе се врати дома. Сепак, лекарите веруваат дека ќе се подобри со текот на времето.