cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Бебешкиот идентитет - првите траги

Развојот на бебето не се однесува само на физичкиот раст, туку и на постепеното формирање на неговата личност и развивање на чувството за „јас“.

Бебешкиот идентитет - првите траги

Иако во првите месеци изгледа дека бебето е целосно зависно од родителите, веќе во текот на првата година можат да се забележат мали, но важни сигнали дека почнува да го препознава сопствениот идентитет.

 

1. Препознавање во огледало

Околу деветтиот месец, некои бебиња почнуваат да реагираат на сопствената слика во огледало. Прво можат да мислат дека гледаат некое друго бебе, но со текот на времето ќе сфатат дека тоа се тие самите. Ова е првиот чекор кон самосвесност.

 

2. Реакција на сопственото име

Кога бебето почнува да се врти и да реагира секогаш кога ќе го слушне своето име, тоа значи дека веќе го поврзува тоа со својот идентитет. Ова најчесто се случува околу 6-8 месец.

 

3. Изразување на сопствени желби

Одбивање одредена храна, покажување со рака кон саканата играчка или плачење за да привлече внимание, се знаци дека бебето почнува да го изразува својат карактер и сопствени потреби.

 

4. Препознавање на „свои“ и „туѓи“ предмети

Малите бебиња со тек на време почнуваат да прават разлика меѓу работите што им припаѓаат ним и оние што им припаѓаат на другите. Ако бебето го гушка своето ќебенце или се лути кога друг ќе ја земе омилената играчка, тоа е знак дека развива чувство за сопственост и индивидуалност.

 

5. Развивање на емоции поврзани со сопственото „јас“

Околу првата година може да се забележат емоции како гордост кога ќе направи нешто самостојно или срам кога ќе биде во центар на внимание. Овие реакции покажуваат дека бебето веќе не се доживува како „дел“ од мајката, туку како мало суштество со свој идентитет.

 

Препознавањето на сопствениот идентитет кај бебето е процес кој се развива постепено и е тесно поврзан со неговиот когнитивен и емоционален развој. Родителите можат да помогнат со охрабрување, поддршка и љубов, затоа што секој мал чекор кон самосвесност е голема победа на патот кон изградување на личност.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет