Антисептик или сапун? Што е побезбедно за детски раце?
Чистите раце се првата линија на одбрана од вируси и бактерии, па родителите често се прашуваат: дали е подобро детето да користи антисептик или обичен сапун и вода?

Одговорот не е секогаш едноставен, бидејќи зависи од возраста, ситуацијата и видот на нечистотијата.
Сапунот како природен сојузник на хигиената
Обичниот сапун и вода се најефикасното и најбезбедно решение за секојдневно миење раце кај децата.
Тој механички ја отстранува нечистотијата, бактериите и вирусите без да го нарушува природниот микробиом на кожата, Притоа помага кожата да остане хидрирана, особено ако се користи благ, детски сапун без алкохол и мириси.
Важно е да знаете дека рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди, а потоа добро да се исплакнат и избришат со чист пешкир.
Антисептикот е корисен, но да се користи со мерка
Антисептичките гелови и спрејови се практични кога нема пристап до вода и сапун, на пример надвор, во училиштето или на пат.
Но, тие содржат алкохол (60-70%), кој може: да ја исуши и иритира детската кожа, да предизвика алергиски реакции кај чувствителни деца, во некои случаи, при прекумерна употреба, да го намали природниот имунитет на кожата.
Совет: Користете антисептик само кога е навистина потребно и дозволете му на детето да го втријува додека кожата целосно не се исуши.
Кој избор е подобар?
- Кога детето е дома или во училиште, сапунот и водата секогаш се првиот избор.
- Во надворешна средина или во ситуации без пристап до миење се користи антисептик, но со внимателно.
- Кај бебиња и многу мали деца избегнувајте антисептик бидејќи нивната кожа е премногу чувствителна.
Совети за родителите
- Изберете нежен, хидратантен сапун без парфеми и агресивни хемикалии.
- По миењето, нанесете блага крема за раце за да се спречи сушење.
- Научете го детето како и кога правилно се мијат рацете, па ако е потребно претворајте го тоа во игра.
- Не претерувајте бидејќи прекумерната стерилност може да го ослаби природниот имунитет.
Иако антисептикот е практичен кога сте во движење, сапунот и водата остануваат најбезбедниот и најефикасен избор за детските раце. Чистите раце не треба да значат сува или иритирана кожа,. Само правилна рутина и малку повеќе внимание можат да направат голема разлика.