cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Афазии: Губење на говорот кај деца заради повреда

Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќајни несреќи, тумори, поради недоволно снабдување на мозокот со со крв итн. Најчеста причина за афазија е мозочен удар

Афазии: Губење на говорот кај деца заради повреда

Според Бостон тестот за афазиите, кој е многу прецизен и точен и дава детален опис на секој афазичар, има 8 видови на афазии. Но од аспект на детскиот развој ние ќе ги ставиме афазиите во три категории

1. Когнитална афазија која доаѓа со раѓањето на самото дете и

2. Стекната афазија која се јавува како резултат на повреда на мозокот, инфекции, труења. Еден од факторите на појавата на афазиите кај децата се и честите ЕПИ напади.

 

Брокина афазија

Брокината афазија е еден вид на експресивна не течна, не флуентна афазија, со еден сиромашен и несигурен речник во изговарање на зборови и прости реченици. Еден телеграфски, монотон говор. Она што Dr. Davis - 2007 година наведува и е клучна карактеристика на овој тип на афазија е – аграматичен говор – ограничен  на употреба на содржинските зборови –именки, глаголи, придавки. Основните карактеристики на Брокината афазија се:

1. Пациентот  зборува полека, забавено, со нееднаков тек.

2. Повторување на зборови и реченици во вид на испуштање на граматички елементи.

3. На дадено барање да именува некој предмет, именувањето е несоодветно, со празнина, како и именувањето во слободниот говор.

4. Одреден степен и тешкотии при аудитивно разбирање на преносно значење на еден збор и посложените синтаксички структури. Тоа значи ако за некој велиме дека е како зајак, афазичарот со Брокина афазија не може да го сфати преносното значење, на самата споредба, самата суштина е дека тој човек е брз. Повеќесложните реченици исто така потешко ги разбира и чита.

5. Има голем напор и тешкотии при читање на глас а воедно и самото разбирање на прочитаното е до тој степен, да може да ги разбере само именките.

6. Бавно и напорно пишување, со бројни правописни грешки.

7. Монотон говор, без прозодиските елементи и недостаток на интонација...монотон говор..

 

Местото каде настанува оштетувањето во cortex cerebri, или кората на мозокот

 

Дополнителни симптоми кои ја следат Брокината афазија

1. Говорна апраксија - Неурогена говорна тешкотија, која се карактеризира со тешкотии во започнување на говорот –иницијација на говорот. Напорната артикулаија бара и местење на говорните органи за обликување на фонемите и нивно склопување во збор без притоа било каква мускулна слабост или парализа.

2. Дизартрија - е друг облик на неурогеномоторна тешкотија кеде за разлика на говорната апраксија овде постои мускулна слабост или парализа, која доведува до потешкотии во респирацијата, артикулацијата, фонацијата резонанцата и прозодијата на говорот. Овој облик на потешкотија доведува до смалување на разбирливоста на говорот и кај луѓе  што се со Брокина афазија, најчесто се јавува во друг поблаг облик. Многу е важно да се истакне дека дизартријата и апраксијата се појавуваат и без  симптоми  на афазиите, затоа дијагностиката на афазиите се јавува и не зависи од присуството или отсуството на овие наведени потешкотии.

 

Глобална афазија

 

Личност со глобална афазија покажуваат многу значајни отстапувања во сите јазични модалитети, а тоа се :

1. Сосема нарушена вербална и невербална комуникација.

2. Тешка нарушена течност на говорот во склад со сосема ограничен говор.

3. Вербалната експресија е ограничена  на непрепознавање  на зборчиња, многу неологизми - нејасни зборови, нарушено набројување и повторување дури кога се работи и за наједноставни зборови.

4. Нарушена вербална експресија со значење.

5. Нарушено аудитивно разбирање.

6. Оштетување на вештината на читање и пишување.

 

Местото каде што настанува лезијата

Тое е едно поголемо подрачје кое се појавува како резултат на атак врз артерија церебралис медиа. Целото подрачје околу Силвиевиот жлеб и околу него, во доминантната лева хемисфера на кората на големиот мозок. Оваа повреда многу често вклучува и повреда на субкортикалните структури - базални ганглии, инсула и таламус.

 

Пропратни симтоми кај Глобалната афазија 

Многу често има мускулна слабост – хемипареза на десната страна од телото или хемиплегија неосетливост, неактивност на едната половина на телото, десната страна. Тешкотии во започнување на говор - апраксија, без мускулна слабост и дизартрија – потешкотија во говорот као резултат на мускулна слабост.

 

Верникеова афазија

Оваа афазија го добила името по германскиот психијатар и невролог – Карл Вернике. Тој прв ја издвоил и опишал оваа афазија. Уште се нарекува и сензорна или рецептивна афазија.

 

Основни карактеристики на Верникевата афазија

1. Течен флуентен говор.

2. Побрз  говор.

3. Добра артикулација .

4. Не допрена прозодија .

5. Семантички потешкотии.

6. Аграматизам. Граматичка непрецизност, конфузна конструкција на реченица или погрешен избор на функционални зборови - параграматизам.

7. Употреба на празни зборови – нешто, некој, заобиколување, наместо да се каже вистинскиот збор. Кај најтешките семантички пореметувања, има говор без значење – слика на празен говор.

8. Пореметување на аудитивната перцепција .

9. Конверзацијата е нарушена и излегува од контекст .

10. Потешкотии во читање и пишување.

Ако пациентот располага со подобра аудитивна перцепција може да нема пропрати симтоми како што се депресијата, паранојата, итн.

Паралелно со јазичните пореметувања кај  стекнатите  афазии кај децата, се јавуваат и пореметувања на вниманието и диспраксија. Кога стручните лица ќе поставуваат дијагноза секогаш треба да си поставиме пред себе прашање – Што е изгубено и што останало? Со оглед на афазиите кај возрасните, децата доаѓаат без неуролошки преглед и тоа е многу погрешно.

 

Дисфагии

Дисфагии се пореметувања во голтањето, мирисот и препознавање на видот на храната. Значи постои тешкотија во препознавање на храната, манипулирање со храната во устата и голтањето на храната, недостаток на плунка или стручно саливација. Постојат и други пропратни симтоми како што е кашлањето, промена во квалитетот на гласот, рефлукс - враќање на веќе голтнатата  храна, пневмонија и дехидратација. Во третирањето на дисфагијата потребно е мултидисциплинарен пристап. Во тимот потребно е да се има радиолог, неуролог, гастроентеролог, логопед и нутриционист. Овде се изведуваат и специјални вежби од страна на логопедот за третирање на дисфагиите, како што е вежбата со пиење на вода со пипета и сламка. Или како што е слининг тестот. Се проверува дали пациентот може сам да се храни, да нема заостанување на дел од храна во устата.

Многу важно е и да има советување на членовите во семејството храната која му се дава дома во почеток да е кашеста. За еден појадок или ручек треба да се одвои половина час. Комфорен стол, во седната положба, а водата да се  дава во помали количини. Ако има пареза или парализа на едната страна од лицето се применува компензаторна техника и се бара детето или возрасниот пациент да жвакаат на здравата страна. Третманот на афазите, кој доаѓа после добрата дијагностика и она што сметам како родители треба да се знае за во домашни услови, ќе го произнесам во некој друг текст.

 

Мр. Логопед Светлана Трнинкова

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет