cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

7 симптоми на менингитис кои треба да ги знаете

Менингитис е болест поврзана со воспаление на заштитните мембрани кои го покриваат мозокот и 'рбетниот мозок. Етиологијата на оваа болест може да варира, но симптомите на различни типови се генерално слични

7 симптоми на менингитис кои треба да ги знаете

Со оглед на тоа што многу деца страдаат од менингитис, ги потсетуваме родителите на симптомите преку кои може да познаат нешто вакво и на кои треба посебно да им обрнат внимание.

Секако, доколку поединечно ги имаат овие симптоми, не треба да кревате паника, бидејќи голем дел од нив се сосема нормални, но доколку се појават заедно, не ги занемарувајте без да ги проверите.

Ненадејна треска

Еден од знаците на менингитисот е треската која се појавува ненадејно. Детето почнува да се тресе и се жали дека му е постојано ладно. Температурата брзо се качува и тешко се симнува.

Но, ова е сосема нормален симптом и за обични настинки, па не паничете веднаш, туку обрнете внимание и на другите карактеристики во промената на состојбата на детето.1

Силна главоболка

Главоболката предизвикана од менингитис не е само силна, туку е и речиси неподнослива. Во овој случај, често болката се врзува и во вратот, но со оглед на фактот дека главоболката е пресилна, не се обрнува внимание на тоа од каде доаѓа.

2

Матење на видот

Пациентите со менингитис не можат да го фокусираат видот, поради што сликата што ја гледаат во очите е постојано заматена и народски речено „гледаат дупло“.

3

Болка во абдоменот, гадење и повраќање

Пациентите со менингитис го губат апетитот, а големо влијание за тоа има постојаното гадење, кое може да биде пропратено со болка во стомакот и повраќање.

4

Сензитивност на светлина

Уште еден знак на менингитис е стравот од силна светлина, заради која очите на детето почнуваат да се влажнат, а гадењето и главоболката се зголемуваат.

4

Неможност да се исправат нозете

Ако главата на пациентот се навали кон неговите гради, неговите нозе веднаш ќе се свиткаат во колената и во оваа позиција нема да можат да се исправат. Овој феномен се нарекува Горен Бруџински.

Знакот на Керниг пак, претставува неможност да се свитка коленото, доколку едната нога е крената и поставена под агол од 90? во однос на другата нога.

5

Осипот на кожата не избледува

Со менингитисот, можни се осипи на кожата, а за да ги разликувате од оние кои не се поврзани со ова заболување, направете едноставен тест.

Ставете чиста проѕирна чаша на осипот и притиснете ја кожата додека осипот не избледи.

6

Што да правите?

Менингитисот е опасна болест, па ако ги забележите сите овие симптоми, треба веднаш да побарате брза помош. Пред да стигнат докторите, создаде мирна атмосфера околу пациентот и изгасете ги светлата.

Кажете ги симптомите кои сте ги забележале и следете ги упатствата на лекарите.

7

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет