20 сосема "нормални" причини за детето да вришти
Дали ви доаѓа да плачете кога вашето дете вреска за неразумни работи? Вие сте една од многуте мајки во светот со идентичен проблем - што и да направите, детето не е задоволно и следува хистерично врескање

Децата колку што ве радуваат, толку и ве нервираат. Можеби поголемиот дел од времето, успевате да најдете заеднички јазик со детето и сè оди како подмачкано, но има и тешки денови во кои детето е нервозно и плаче заради најмали ситници.
- Сака да ја облече блузата со мачиња која е валкана и треба да се испере.
- Ги облекло панталоните наопаку.
- Не сака макарони за појадок кои се веќе подготвени, туку сака тост. Кога ќе направите тост, сака макарони.
- Ја згрешивте чинијата и чашата. Мора да му дадете розова, а не зелена.
- Ја валка облеката додека јаде и плаче за да го пресоблечете веднаш. Седнува на маса за да појадува, но првиот залак оди на неговата чиста облека и понатаму ви е јасно.
- Сака поголема лажица, бидејќи повеќе не е бебе. "Како можеш да ми ја дадеш оваа минијатурна лажица?"
- Денес не му е роденден.
- Не може да ги стави чевлите.
- Купувате сладолед, и веднаш по 10 секунди веќе е на земја и пред да речете "Внимавај да не ти падне!"
- Му ја јадете последната соленка.
- Предлагате да си легнете.
- Го кршите сендвичот дијагонално за да формирате триаголници. Избравте погрешен облик, така што сте заслужиле крокодилски солзи и звучни ефекти.
- Седите на неговото "место" на каучот дома.
- Мора да зготвите.
- Истура сок на масата.
- Вие ја запаливте ламбата, а детето мораше да ја запали.
- Надвор е 20 степени, а детето сака да носи ракавици. Следниот ден земате еден пар за секој случај, но тогаш бара играчка.
- Играте со играчката на детето.
- Први влеговте во бањата за да ги измиете забите, а вашето дете не сака да биде второ.