cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

1 година дете - од аспект на мама

@mamamegi го споделува своето искуство

1 година дете - од аспект на мама

 

10-ти, 11-ти, 12-ти па и 13-ти месец се месеци кога детето се учи да прoодува.

Проодувањето е повторно друг свет за мама, поготово за детето. Може сам/а да стигне до посакуваната цел/до тоа што го сака без да објаснува со потешкотии во гестовите и мимиките. Иако тоа некогаш изгледа лесно, но за дете кое тек проодува е сигурно тешко, бидејќи постојат повеќе "невидливи препреки". Падни-стани 1000 пати во денот, но така се расте.

Колку што е тешко за детето, уште потешко е за мајката. Веројатно веќе сте поминале низ тоа, или тек ако поминувате нека ви е со лесно. Во овој левел мајката е во улога на Бетмен. Од едно место брза некако со одење, трчање или скокање да го превари детето да не направи нешто што не треба или да отиде кај што не треба.   
Левел каде што ќе ви требаат два пара нозе за одење и многу изодени чекори низ куќа- "home walking" вежби за слабеење.
Не се секирајте доколку дете прооди малку покасно од овие месеци, нема ништо страшно во тоа и секое дете си е посебна приказна за себе.

Овие месеци се малку олеснителни во поглед на исхраната, од аспект на мама. Дете од година дена има поголемо мени од намирници кои може да ги конзумира. Исто така и во поглед на игрите. Дете од 12, 13 месеци веќе не е бебе, повеќе разбира и може да игра повеќе игри. Обидувајте се да "измислувате" сами едукативни игрички.

12-ти месец,месец за првиот роденден. Период возбудлив само за мама, бидејќи дете нема појма за што се работи и од сите тие украси и гости, за него се радост само балоните и децата.

Барање тема за роденден, обично тоа е омилениот цртан на детето. Па барање торта, која "мора" да се вклопува со темата. Или, најчесто се розево и бело со принцези и круни за девојче и плаво и бело со количиња за момче.
Во сето ова "мора" да се вклопува и облеката на мама и тато и главната/иот роденденка/ко и да се сите слично облечени.

Премногу замарање, сите сме свесни за тоа, а сите го правиме.
Во наше време роденденот се одбележуваше со неколку балончиња и дување свеќа. Подароците беа тетратки, моливи, боички или ако е ептен мало некоја ситна пара. Ама, тоа беше во наше време, сега пу пу не се важи.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет