kokicekokice, многу ми е жал што си морала да чуеш такви зборови, но тоа е, луѓе зборат сенешто и не внимаваат какви последици тоа создава... Не сакам да го напаѓам твојот сопруг, иако не ми се допаѓа тоа што го кажал, но претпоставувам дека и на него му било глупо, незгодно, или пак и срам од реакцијата на татко му, па пробал да избалансира, и тоа е ок.
Јас исто така не сакам да зборам на сите, мислам дека тоа е наша интима и нема што сите да знаат. Но, на неколку луѓе им кажав бидејќи ете, понекогаш ми е неопходно да разговарам со некого. Моите знаат, неговите не - не дека намерно не кажуваме, но ете, не се создала прилика. Едно време се замарав, но сега веќе баш ми е гајле дали некој збори за мене зад грб. Споделувам само со некој за кој знам дека ми мисли добро и нема да лае наоколу.
Се согласувам со Melanija и LoveableMe, на сопругот треба ти да си му на прво место, па потоа родителите, но и до тоа се доаѓа, не се секирај. Ако пак се најдеш во слична ваква ситуација, тогаш ич да не ти е гајле и се да им кажеш што те мачи и нервира - и дека не е нивна работа, и дека се мешаат, и дека е ваша интима, и се по ред. Во крајна линија, ако толку сака да дојде на гинеколог, следниот пат кога ќе идете, покани го и него, ќе видиш дека одма ќе одбие!
Прашање е како ќе реагира и после претпоставеното доаѓање на лекар, кога ќе се увери дека неговиот син и не е така совршен... Батали ги сите таму, пробајте да не се замарате и да не се расправате вие двајца, и фокусирајте се на себе
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015