Женски ептен сум хепи денес, го направивме првиот шопинг за
,како луда не знаев што попрво да земам... и сеа ај помогнете ми,немам ориентација колку ми треба
Значи купивме 4 боди без ракави, 4 боди со кратки и 2-3 со долги ракави, 3 пара шпилхозни, 2 ќебенца (едно потенко и едно подебелко), 1 комплет (таков со капче,ракавички,топлинки,4 мали крпи), 3 лигавчиња, уште 1 пар топлинки,чизми(ептен се слатки) и патичиња, бањарка, 3 пара чорапчиња, пумпица за нос, термометар за вода и за во соба. Планирам уште да купам постелина, уште некој пар ракавички и 2-3 капчиња,вреќичка за спиење,1 крпа-бањарка,ножички на нокти, и се мислам какво топломерче е најдобро,оние како цуцла или тие за во увце и има уште едни долгнавести тие не знам кај се ставаат?
Лелеее долго излезе ова,ама надополнете ме ако има нешто што сум испуштила...