Што ќе биде ин во 2011-та? 
  
 
Се  прашувате кои се модните трендови за новата 2011-та година? Оваа година  дизајнерите понудија едноставни свежи креации, а на модната сцена се  враќаат и потпетиците со шпицест врв. 
  Милитаристички изглед  
  
 Секој  модел кој има два реда на копчиња и строга линија на кроење е полн  погодок за оваа сезона. Можете да го користите како за дневни така и за  вечерни излегувања. 
  Плетена облека 
  
 Најактуелниот  тренд несомнено се креациите кои се плетени. Тука секако спаѓаат  џемперите, туниките, шаловите и капите, но и плетените фустани кои  доаѓаат во мошне интересни варијации. 
   
 Чипка 
  
 Нема ништо посекси од  тантела, особено кога е обвиткана по вашите нозе. Токму затоа оваа зима и  пролет чипкастите чорапи се особено модерни. 
  Големи нараквици  
  
 Доколку до  сега бевте навикнати на големи прстени, сега ќе треба да се навикнете на  големи нараквици. Дрвото со интересни мотиви е особен хит за сезоната. 
 
											
																
											
											 _____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........